fbpx

Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните

-

Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест:

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една кеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни кеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за наводно глупавата мерка.

Во текстот објавен на 1 декември пишува дека проектот е наречен „Пазарам вакциниран” и дека со него ќе се зголеми интересот за вакцинација, откако цената на кесите во маркетите порасна на 15 денари. Во текстот има лажна информација дека 50 кеси ќе се доделуваат на секое лице кое ќе се вакцинира против коронавирусот.

Во текстот има и лажна изјава од Министерството за здравство, која никогаш не била дадена и гласи:

Сметаме дека мерката во голем степен ќе ја зголеми мотивацијата на граѓаните да се вакцинираат, порачуваат од Министерството за здравство додавајќи дека разгледуваат и други опции за мотивирање на граѓаните да се имунизираат против ковид-19.

Од Министерството за здравство демантираат дека дале таква изјава. Оттаму посочуваат дека информацијата е лажна.

Не, МЗ не дава 50 бесплатни кеси на вакцинираните, изјавија од МЗ за Вистиномер.

Хумористичните вести треба да се објавуваат со напомена и со ознака, за да не се создава забуна кај јавноста. Граѓани во коментарите се прашуваат дали ова е вистина или не. На сајтот Ретровизор, најдолу во дисклејмер пишува дека станува збор за интернет магазин за сатира. Вестите објавени во Ретровизор се измислени. Нивната намера не е да омаловажат или да навредат. Нивната цел е да бидат читани, да критикуваат и да ве насмеат, пишува на страницата. За жал, од коментарите под постот евидентно е дека малкумина ја сфатиле шегата.

Оценуваме дека постот во кој се вели дека Министерството за здравство ќе доделува или доделува 50 бесплатни кеси за пазарење за вакцинираните граѓани како мерка за стимулација на вакциналниот опфат е сатирична.

На последната владина седница, донесена беше одлука секој матичен лекар кој ќе има 70 проценти од прикрепените пациенти целосно вакцинирани, да добие 30 денари финансиски надомест по пациент. Тоа е последната мотивациска стимулативна мерка донесена во контекст на ковид-19 и вакцинацијата во земјава. Мерката невакцинираните административци да прават ПЦР тест еднаш неделно за да влезат на работните места нема да се спроведе, откако владата се откажа од неа поради тешката реализација и задирањето во основните човекови права, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...