fbpx

Вчера аплицирани 3.838 дози вакцини против ковид-19, најголем интерес има за трета доза

-

Имунизацијата на населението против ковид-19 во земјава продолжува првенствено за оној дел од популацијата којшто веќе прими две дози вакцини. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482 а трета доза примиле 38.719 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Досега со една доза вакцина опфатени се 57 отсто од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина против ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...