Од 4.207 вакцини ставени вчера, дури 1.732 биле трета доза

Фото: Мета.мк

Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), во текот на вчерашниот ден биле ставени вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се дадени како прва доза, 930 граѓани се ревакцинирани, а 1.732 ставени вакцини биле трета доза.

Заклучно со 16 ноември, во земјава вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани на Северна Македонија, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани. Во проценти, опфатот со вакцинација на полнолетното население (18 години и повеќе) е 48 отсто од граѓаните над 18 години.