fbpx
Таг: корона

таг: корона

Во изминатите четири дена ставени 8.158 дози вакцини

Во четвртокот, во петокот и во текот на викендот се дадени вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се дадени како прва доза, 1.899 граѓани биле ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 ноември, односно вчера, вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. Околу 54 отссо од граѓаните над...

Вистиномер: Не е точно дека за 6.400 отсто се зголемил бројот на фудбалери што колабирале на стадионите

Навистина тие фудбалери кои се наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, меѓутоа, тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што дел од нив не се воопшто ни вакцинирани. Дефинитивно е неточно и дека пораснал бројот на колабирања откако е почната...

Фајзер: Експериментална пилула против ковид-19 ги намалува смртните случаи и хоспитализациите за 90 отсто

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека експерименталната пилула против ковид-19 што ја развива ги намалува за 90 отсто стапките на хоспитализација и смрт кај возрасните со висок ризик, јави АП. Во моментот голем број истражувачи низ светот се обидуваат да создадат пилула против ковид-19 што би можела да се пие како и други лекови, дома, и така да се ублажи...

Вчера аплицирани 3.838 дози вакцини против ковид-19, најголем интерес има за трета доза

Имунизацијата на населението против ковид-19 во земјава продолжува првенствено за оној дел од популацијата којшто веќе прими две дози вакцини. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина. „Заклучно со 3 ноември вкупно се...

Вистиномер: Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува...

Вистиномер: Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така,...

Девојка на 17 години со јувенилен дијабетес почина од ковид-19

Пациентка на 17 годишна возраст со јувенилен дијабетес тип 1 утрово починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица на заболување со ковид-19, информира Министерството за здравство. Како што соопштија оттаму, девојката била од село Сопотница, Демир Хисар, и немала примено вакцина против ковид-19. Нејзините тегоби започнале 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. „Според...

Во земјава досега дијагностицирани над 200.000 случаи на ковид-19, денеска 511 новозаболени лица

Од почетокот на ковид-19 пандемијата до денес, преку тестирања во лабораториите се откриени над 200.000 случаи на лица кои заболеле од корона вирусот. Министерството за здравство денеска повторно информира за над 500 новозаболени лица во едно деноноќие. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.622 тестирања, а регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19:...

Вистиномер: Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис од грло и нос. Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да...

Вистиномер: Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка...

Расте бројот на вакцинирани, вчера дадени 6.830 дози

Според соопштението на Министерството за здравство, со најновите бројки на вчера вакцинираните лица, стапката на вакцинирање расте. Вчера биле дадени 6.830 вакцини, а завчера 4.933 вакцини, додека преквчера 2.919 дози вакцини. Од вчера дадените вкупно 6.830 дози вакцини, 638 се прва доза, 1.472 се ревакцини, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани,...

Уште седум смртни случаи од ковид-19 и уште 411 заболени

Министерството за здравство (МЗ) извести дека во последните 24 часа биле направени 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6,...

Вистиномер: Примив вакцина против ковид, дали смеам да се вакцинирам против сезонски грип?

Дилемата којашто се јавува кај пациeнтите е дали оние кои се имунизирани против ковид-19, може да примат и вакцина против грип. Комитетот за имунизација препорачува граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против ковид-19, две недели по примената втора доза, може да се вакцинираат против сезонски грип, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Откако удри цунамито на...

МЗ: Вчера се дадени 4.933 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од...

Вистиномер: Со стари фотографии лажно се тврди дека вакцините против ковид-19 предизвикале генетски мутации кај бебиња

Фотографиите на кои се прикажани бебиња родени со генетски аномалии се стари е се појавиле многу години пред појавата на коронавирусот и вакцините против него. Оттука, тврдењето дека бебиња се родиле со опшака, со 4 нозе и 3 раце и со коса по целото тело бидејќи нивните родители биле вакцинирани против ковид-19, се неточни, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме...

МЗ: Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните граѓани во земјава

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се прва доза, а 1.286 се ревакцини. Трета доза примиле 1.068 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33...

Вистиномер: Пост на Фејсбук шири невистини дека со вакцинацијата се зголемил бројот на заболени и починати од ковид-19

Постот не нуди докази кои потврдуваат дека со вакцинацијата против ковид-19 се зголемил процентот на заболени и починати од коронавирусот. Не е точно дека се кријат официјални податоци од несакани реакции по примена вакцина против ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека вакцината во голем процент од случаите на ковид позитивни штити од сериозни форми на болеста и од смрт, пишува...

Две платформи за информирање на новинарите и јавноста за дезинформациите ќе се промовираат утре

Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на своите проектни активности за ефикасно, точно и брзо информирање, утре ќе промовира две платформи за информирање на новинарите и на јавноста. Станува збор за настанот „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, на којшто ќе се зборува за тоа како ќе функционираат тематските комуникациски групи на платформата WhatsApp. На овие...

Вакцинацијата со прва доза досега опфатила 57 отсто кај луѓето на возраст над 39 години

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Заклучно со 17 октомври, со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 49,4 отсо од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57 отсто, а кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една...

Вакцинираните со кинеските вакцини, трета доза може да добијат најрано по три месеци од ревакцината

Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на кинеските производители Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин, на кој било вакцинален пункт во државата. За...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...