fbpx

Расте бројот на вакцинирани, вчера дадени 6.830 дози

-

Според соопштението на Министерството за здравство, со најновите бројки на вчера вакцинираните лица, стапката на вакцинирање расте. Вчера биле дадени 6.830 вакцини, а завчера 4.933 вакцини, додека преквчера 2.919 дози вакцини.

Од вчера дадените вкупно 6.830 дози вакцини, 638 се прва доза, 1.472 се ревакцини, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356 а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од населението од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на примени вакцини, 38 отсто од целото население на земјава е вакцинирано, а 35 отсто примило две дози вакцина, нагласува Министерството за здравство (МЗ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...