fbpx

Две платформи за информирање на новинарите и јавноста за дезинформациите ќе се промовираат утре

-

Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на своите проектни активности за ефикасно, точно и брзо информирање, утре ќе промовира две платформи за информирање на новинарите и на јавноста.

Станува збор за настанот „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, на којшто ќе се зборува за тоа како ќе функционираат тематските комуникациски групи на платформата WhatsApp. На овие групи, новинарите ќе можат побрзо да дојдат до информации; да постават прашања и да добијат одговори на 4 теми: ковид-19, попис, животна средина, интеграции.

Втората можност е отворената група Viber (Вајбер) група за пласирање проверени информации, ДЕ ФАКТО: само проверени содржини, каде се споделуваат рецензии на лажни вести со цел да се покрене свесноста за пандемијата и за дезинформациите на корона вирусот.

За темата, на настанот ќе дискутираат Младен Чадиковски, Претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), како и Катерина Синадиновска, Претседателка на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ); Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис. Модератор на дискусијата ќе биде Горан Ризаов, раководител на програмата „Медиуми за демократија“ во фондацијата „Метаморфозис“.

Настанот ќе се одржи на платформата ЗУМ, на 21.10.2021 од 13:00-14:30 часот
https://techsoupglobal.zoom.us/j/92423838276 Meeting ID: 924 2383 8276

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...