МЗ: Вчера се дадени 4.933 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани во државата

Фото: Мета.мк

Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 3 5отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.