fbpx
Таг: корона

таг: корона

Регистрирани 999 нови ковид позитивни и уште 14 починати

Во последното деноноќие се регистрирани 999 нови случаи на ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство. Направени се вкупно 7.245 тестирања, што значи дека процентот на позитивни од тестираните е околу 14 отсто. Како последица на болеста починале 14 лица. Најголем број на случаите се од Скопје – 325, потоа Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево...

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се дадени 18.877 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.877...

Нов Зеланд поради еден нов случај на ковид-19 спроведе целосен тридневен карантин

Поради само еден нов случај на ковид-19, прв во последните половина година, од полноќ цел Нов Зеланд ќе биде во строг локдаун, односно карантин, јавија новозеландските медиуми. Случајот е откриен во најголемиот новозеландски град, Окленд, кој ќе биде „затворен“ цели седум дена. Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн рече оти случајот е откриен претпладнево, а засега не може да се каже дали станува...

Вистиномер: ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот!

ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот,...

МЗ:Вакцинираните граѓани имаат повеќе опции да потврдат дека се вакцинирани

Министерството за здравство (МЗ) информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани. Од вчера, во угостителски објекти или на други настани каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани со две дози вакцина или пак примиле една доза...

Во Србија од денеска се дава трета доза вакцини против ковид-19

Од денеска во Србија може да се добие дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирусот, објави Владата на Србија. „Сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата доза 180 дена по добивањето на втората доза, а граѓаните ќе бидат повикани преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-влада, каде што ќе добијат подетални...

Регистрирани 296 нови случаи на ковид-19, осум пациенти починале во последните 24 часа

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани,...

Шахпаска: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 отсто

Бројот на вакцинираните вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 отсто. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје. Оваа средба со директорите на градинките се организира во пресрет на септември кога се очекува зголемен...

Главниот кризен штаб предлага наставата да се одвива со физичко присуство

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе...

Вистиномер: Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на...

Хелсиншки комитет: Забраните за невакцинираните не се дискриминација ниту се противуставни

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) реагираше со загриженост на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Оттаму порачуваат дека одредени рестрикции за оние што ќе одбијат да се вакцинираат не може да се наречат дискриминација или кршење на уставните права оти во случајот станува збор за уставно регулирани...

Филипче: Ковид-19 носи голем ризик, вакцините го намалуваат тој ризик и до 20 пати

Во врска со вчерашните протести против вакцинирањето и, генерално, пораките што се шират во јавноста за штетноста на вакцините, министерот за здравство Венко Филипче порача дека ја разбира загриженоста на противниците на вакцинирањето, но нагласи дека мора да се земе предвид фактот дека вакцините ја докажале својата безбедност и ефикасност, а се најмоќното оружје во борбата со ковид-19. Тврдењата...

Регистрирани 805 нови случаи на ковид-19, рекорд во последните неколку месеци

Министерството за здравство (МЗ), соопшти дека во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на ковид-19. Тоа е рекорд во последните неколку месеци. Од новите 805 случаи, од Скопје се 240 пациенти , Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18,...

Од полноќ повторно ограничувања, во кафеана, дискотека или бар само со потврда

Новите мерки и ограничувања за спречување на ширењето на корона вирусот ќе стапат на сила на полноќ. Така, ако до денеска сите угостителски објекти регистрирани за прослави смееја да работат на затворено само со почитување на мерките против ковид-19, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости, од полноќ тоа веќе ќе биде забрането, а сите угостителски...

Болницата во Тетово преполнета, МЗ размислува за воведување вонредни локални мерки

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Веќе се користи и болницата во Лешок, а не е исклучено пациенти да бидат префрлани во други градови. „На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар...

Бројот на нови ковид-случаи се искачи на 792, за првпат по два месеца забележан двоцифрен број на починати лица

Министерството за здравство информираше дека од направени 9.270  тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 792 нови случаи на ковид-19. Според ова, процентот на новодијагностицирани во однос на вкупниот број направени тестови изнесува 8,5. Најмногу новозаразени повторно има во Скопје, каде бројот на нови инфекции е 245. Над сто нови ковид-случаи има и во Тетово (136) и Гостивар (127). Состојбата со...

Само десет отсто од новозаразените изминатава недела биле вакцинирани

Само десет проценти од новодијагностицираните пациенти во изминатите седум дена се вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Од вкупно 3.497 новозаразени пациенти, 3.047 биле невакцинирани. Бројот на новозаразени во последните денови во земјата нагло расте. Филипче вели дека според динамиката со која се зголемува бројот, пред нас се неколку денови или недели во кои ситуацијата може да биде...

Пунктовите за вакцинација низ целата земја ќе работат и утре

вакцинација
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, тоа ќе можат да го направат и утре, како и секој друг работен ден, информираше Министерството за здравство попладнево. Пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ земјава ќе работат и во текот на утрешниот ден. Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено, а во тек е и теренска вакцинација. Во текот на вчерашниот ден бил...

Регистрирани 672 нови случаи на ковид-19, 33 повеќе од вчера

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во земјава во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19: Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани...

МЗ: Од починатите 25 лица изминатава седмица, ниту еден не бил вакциниран

Министерството за здравство (МЗ), според најновата седмична анализа за процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од ковид-19 во земјава, соопшти дека во периодот од 6 до 12 август 3.497 граѓани биле дијагностицирани со ковид-19, а од нив 450 биле целосно вакцинирани. Во проценти, тоа изнесува 12,8 отсто. Голем процент, дури 87,1 отсто или 3.047 граѓани од позитивните на...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...