Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, прогласи тродневно затворање поради првиот случај на ковид-19 во последните 6 месеци. Фото: скриншот

Поради само еден нов случај на ковид-19, прв во последните половина година, од полноќ цел Нов Зеланд ќе биде во строг локдаун, односно карантин, јавија новозеландските медиуми.

Случајот е откриен во најголемиот новозеландски град, Окленд, кој ќе биде „затворен“ цели седум дена.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн рече оти случајот е откриен претпладнево, а засега не може да се каже дали станува збор за Делта-сојот, но дека поради потенцијалната опасност мора да се реагира бргу.

Според 4-тото ниво на затворање, прекинува работата на училиштата и на сите бизниси, а ќе функционираат само неопходните служби. И вакцинирањето ќе прекине на 48 часа, за да има време да се создадат услови за безбедно вршење на имунизацијата.

Премиерката Ардерн како образложение за својата одлука го наведе примерот на Сиднеј, Австралија, каде што поради „непотребно излегување“ вирусот бргу се раширил.

„Затоа барам од Новозеландците да ги почитуваат дословно правилата“, рече Ардерн.