Регистрирани 672 нови случаи на ковид-19, 33 повеќе од вчера

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во земјава во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Бројките за новите случаи на ковид-19 се се поголеми од ден во ден – вчера имаше 639 нови случаи, што е за 33 помалку од денешниот биланс. Завчера имаше 588 нови случаи, а во вторникот 518.

Според податоците од МЗ, во последните 24 часа регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.

Пријавени се пет починати лица: по 2 починати лица одТетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), и едно починато лице од Виница (62г). Сите починале во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.046.042 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.