Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.

Пријавени се 8 починати лица: 3 починати лица од Гостивар (54 г, 69 г. и 78 г), по 2 лица од Струга (69 г и 74 г) и Тетово (44 г и 5 1г) и едно лице од Кочани (74 г). Сите починале во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.065.772 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на регистрирани случаи е 162.457. Бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.