МЗ:Вакцинираните граѓани имаат повеќе опции да потврдат дека се вакцинирани

Photo by Lukas on Unsplash

Министерството за здравство (МЗ) информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.

Од вчера, во угостителски објекти или на други настани каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани со две дози вакцина или пак примиле една доза вакцина или пак прележале ковид-19 пред 45 дена.

Потврдата за прележан ковид-19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар. Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на веб-страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass,за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.

Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат.

Вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат од вчера не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје, порачува МЗ.