Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во последното деноноќие се регистрирани 999 нови случаи на ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство. Направени се вкупно 7.245 тестирања, што значи дека процентот на позитивни од тестираните е околу 14 отсто. Како последица на болеста починале 14 лица.

Најголем број на случаите се од Скопје – 325, потоа Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Од починатите 14 лица, 5 се од Скопје (59г, 74г, 77г, 79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), 2 лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г).

„Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови“, соопштија од ресорот здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.