Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на состанок со директори на детски градинки во Скопје. Фото: МТСП, 16 август 2021

Бројот на вакцинираните вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 отсто. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Оваа средба со директорите на градинките се организира во пресрет на септември кога се очекува зголемен обем на присуство на децата во градинките, посочува Министерството за труд и социјална политика.

Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација. Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата, рече министерката ​

Таа на состанокот со директорите на детските градинки во Скопје нагласила дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на ковид – 19.