Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Од денеска во Србија може да се добие дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирусот, објави Владата на Србија.

„Сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата доза 180 дена по добивањето на втората доза, а граѓаните ќе бидат повикани преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-влада, каде што ќе добијат подетални информации “, се наведува во соопштението.

Ттретата доза на вакцината може да се добие на лично барање, односно без разлика дали некој припаѓа на ризичните категории или не.

„Секој може да добие дополнителна доза ако сака, по шест месеци од втората доза“, се вели во соопштението на владата.

Во Србија се достапни четири типа на вакцини – кинеската вакцина Синофарм, руската вакцина Спутник В и вакцините на Фајзер -Бионтек и АстраЗенека.