Пунктовите за вакцинација низ целата земја ќе работат и утре

вакцинација
Mufid Majnun на Unsplash

Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат, тоа ќе можат да го направат и утре, како и секој друг работен ден, информираше Министерството за здравство попладнево.

Пунктовите за вакцинација во сите здравствени установи низ земјава ќе работат и во текот на утрешниот ден.

Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено, а во тек е и теренска вакцинација. Во текот на вчерашниот ден бил забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. Вчера биле вакцинирани вкупно 15.574 граѓани, од кои 8.808 примиле прва доза.

Од Министерството за здравство соопштија дека во земјава, заклучно со вчерашниот ден, се дадени 1.033.584 дози на вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.

Инаку, во послeдните 24 часа се регистрирани 672 нови случаи на ковид-19, од направени 6.770 тестирања. Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 230, по што следуваат Тетово со 115 и Гостивар со 101 нов случај на инфекции.