fbpx
Таг: КОП 26

таг: КОП 26

WWF за COP26: Сите ветувања мора да бидат исполнети

Итно спроведување на ефективни политики и мерки и исполнување на сите климатски ветувања дадени досега, се двете главни барања што Светската организација за заштита на природата (WWF) ги поставува пред светските лидери пред почетокот на Конференција за климатски промени COP26. Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени COP26 оваа година се одржува во Глазгов од 31. октомври до 12....

КОП26: Самит во Глазгов за спас на планетата Земја

На Самитот за климатските промени КОП26 кој почнува денеска во Глазгов и ќе трае до 12 ноември, ќе учествуваат околу 200 земји. Самитот кој првично требаше да се одржи минатата година но беше одложен поради пандемијата на ковид-19, се смета за клучен настан за иднината на планетата. Активисти од целиот свет предводени од Грета Тунберг пристигнуваат во шкотскиот град....

Папата со порака пред почетокот на КОП 26, лидерите на Г-20 бараат итни мерки против климатските промени

На два дена пред почетокот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги повика светските лидери на самитот во Глазгов да донесат итни и ефикасни одговори за еколошката криза, јавуваат светските медиуми. Тој предупреди дека климатските промени се досега невидена закана врз заедничкиот дом на сите луѓе. Папата денеска го прими...

Фармите на млечните и месните гиганти низ светот без јасен придонес кон климатската акција

Во пресрет на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), британскиот весник Гардијан во новообјавен текст појаснува дека големите корпорации кои имаат животински фарми низ целиот свет се незауздан производител на метан во атмосферата, односно влијаат негативно врз климатските промени. За разлика од контролата на емисиите на стакленички гасови кај индустриските капацитети, енергетиката, транспортот или управувањето со отпадот, Гардијан...

Гардијан: Сиромашните земји ќе добиваат финансии од фонд за климатска акција

План за формирање на финансиски фонд за климатска акција е потребен за да се добие поддршка од земјите во развој за постигнување на било каков договор на претстојната Конференција за климатски промени на ОН (КОП 26), пишува Гардијан. Ваквите финансии треба да им помогнат на најсиромашните земји во светот да се справат со предизвиците за намалување на емисиите на стакленички...

Обединетото Кралство ќе инвестира 90 милијарди фунти до 2030 година во борбата против климатските промени

Владата на Обединетото Кралство во вторникот ја обелодени историската стратегија за нулта емисии на штетни гасови, која утврдува дека Обединетото Кралство ќе обезбеди 440.000 добро платени работни места и инвестиции од 90 милијарди фунти до 2030 година. Ова ќе биде нејзиниот придонес кон постигнувањето нулта емисии до 2050 година, а којшто е исполнет со мерки за транзиција кон зелена...

Усвоена Младинска декларација за климатски промени на вчерашниот самит во МКЦ

На Младинскиот самит за климатски промени што се одржа вчера во МКЦ во Скопје под водство на младите се усвои Младинска декларација за климатски промени, со која се бара носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени и да се создадат повеќе можности и простор за младите да влијаат на одлуките поврзани со климатските промени, информираат од...

Младите со конкретни прашања, предлози и барања на денешниот Самит за климатски промени во МКЦ

На нецели две недели пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (КОП 26) во Глазгов, младите од Северна Македонија денеска испратија конкретни прашања, предлози и барања до институциите и амбасадорите во земјава на „Младинскиот климатски самит“, којшто се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Кога ќе може секое училиште во земјава да добие опрема за...

Дипломатите во последен обид да ги донесат светските лидери на Конференцијата за климатски промени

Велика Британија, САД и ЕУ вложуваат огромни напори преку својата климатска дипломатија за да ги донесат сите светски лидери на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации КОП 26, кој ќе започне во Глазгов на 31 октомври, пренесува Гардијан. Станува збор за лидерите на Кина, Индија, Индонезија, Саудиска Арабија, Бразил, Русија и Мексико, кои досега не излегоа со нови ветувања...

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...