fbpx
Таг: Конгрес

таг: Конгрес

Денеска ќе се одржи програмски конгрес на СДСМ

Денеска ќе се одржи програмскиот конгрес на СДСМ, а од партијат велат дека тој е отворен за заинтересираните експерти и за претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата програма за граѓаните и за Македонија. – СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокружувањето на новата програма на СДСМ. Конгресот ќе усвои програма што...

Универзитетски професори од Балканот во Охрид расправаат за образование и за глобализација

Универзитетски професори од Балканот, учесници на 10. Меѓународен конгрес во Охрид, расправаат на тема „Образованието и глобализацијата“. Организатори на собирот се Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски “ и педагошките факултети од Тракиските универзитети од Едрене и од Стара Загора, како и Учителскиот факултет од Загреб. На овој стручен собир ќе бидат претставени повеќе од 200 научни трудови на учесници од повеќе балкански...

САД ѝ подарија на Хрватска 16 борбени хеликоптери

Американскиот конгрес пред неколку недели ја одобрил испораката за Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери „кајова вориор“, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Вкупната вредност на подарокот изнесува 100 милиони долари, а во следните три години хрватската армија ќе треба да плати околу 20 милиони долари за резервни делови, обука и за муниција за нив. Хеликоптерите се целосно модернизирани и ремонтирани...

Обама обезбеди поддршка во Сенатот за договорот за нуклеарната програма на Иран

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, ја доби потребната поддршка од членови на Сенатот за договорот за нуклеарната програма помеѓу Иран и шесте светски сили, чија имплементација, како што се предвидува, треба во голема мера да придонесе за геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток, пишуваат медиумите во САД. Сенаторката Барбара Микулски денеска објави дека ќе го поддржи...

Белата куќа бара од Конгресот да преземе нешто против оруженото насилство

Администрацијата на претседателот на Соединетите американски држави (САД), Барак Обама повторно го повика Конгресот да преземе акција и да донесе мерки за контрола на оружјето, откако вчера вооружен маж уби новинарка и снимател во американската сојузна држава Вирџинија. Пораката на администрацијата на Обама, ја пренесе прес-секретарот на Белата куќа, Џош Ернест. „Ова е уште еден пример дека оруженото насилство станува премногу...

Белата куќа прави план да го затвори затворот Гвантанамо

Белата куќа соопшти дека во средата донеле одлука да го затворат воениот затвор Гвантанамо на Куба. Веќе се работи на планот чија цел е затворот да се затвори на сигурен и одговорен начин. Овој план подоцна треба да се претстави пред членовите на Конгресот. По терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, во Гвантанамо се наоѓаат уште 116 затвореници. „Ова е приоритет...

Заев на средба со премиерот на Шведска: Повлекувањето на Груевски е неопходно

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, денеска, во рамите на Конгресот на Партијата на европските социјалсти (ПЕС), кој се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта, имале средба со шведскиот премиер, Стефан Лофвен, соопштуваат од СДСМ. На средбата, Заев ги истакнал ставовите на партијата, според кои, непоходно е Никола Груевски да се повлече од премиерската...

Заев на Конгрес на ПЕС во Будимпешта

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска и утре ќе биде во посета на Будимпешта, каде ќе учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти). Со Заев ќе одат и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. „Конгресот на ПЕС претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски,...

Ете зошто го преместиле конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за дeнеска во Куманово

За денеска во Куманово првично беше планирано да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата. – За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото...

Кои се најдолго со Груевски и кому му треба одмор?

„Не дека сме безгрешни, имавме и грешки и пропусти, но покажавме најмногу од сите политички гарнитури досега. Заради тоа, повремено се потребни и освежувања на функционерските места, со можност дел од сменетите повторно во иднина да добијат некоја значајна одговорност, доколку ја заслужуваат“. Ова беше дел од говорот на премиерот Никола Груевски на конгресот на партијата, кој се одржа минатиот...

Економските најави на Груевски од Куманово

Премиерот Никола Груевски, по неговиот реизбор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата, ги најави следните чекори што ќе ги преземат како Влада за подобрување на економската состојба: Ќе продолжат со напорите за отворање нови работни места и за намалување на невработеноста; Работат и стојат зад ветувањето за отворање на 64.000 нови работни места за време на мандатот; Од новиот проект „Македонија...

Шилегов: Најавите на Груевски се само за внатрепартиска употреба

Најавите на премиерот Никола Груевски за освежување на неговиот владин тим, соопштени на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, што изминативе два дена се оддржа во Куманово, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, се потези кои „не се однесуваат на политичката криза“, туку му служат на Груевски „само за внатрешна употреба“. - Тоа што Никола Груевски го соопшти на нивниот т.н. Конгрес е...

Со 528 гласови, Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го доби четвртиот мандат и во наредните четири години ќе биде на чело на партијата, по денешното гласање на делегатите на 15. Конгрес, кој се одржува во Куманово. Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата, Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, гласале 529, од кои 528 гласале „за“, а...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Делегатите денеска гласаат за реизбор на Груевски за лидер

Денеска напладне почнува вториот дел од 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на кој присутните делегати ќе гласаат за реизбор на Никола Груевски за лидер партијата. Право на глас имаат 650 делегати, од кои, како што пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница, 523 вчера биле присутни во салата на Центарот за култура...

СДСМ: Сите гледаат, само Груевски не може да види дека со него е готово

„Никола Груевски виде колку е часот и затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го протне својот срамен, принуден реизбор во партијата“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на денешното обраќање на Груевски пред делегатите и гостите на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржува во Куманово. „Ги призна Груевски доказите од проектот „Вистината за...

Груевски од Конгресот во Куманово: Не сме безгрешни, но покажавме најмногу

„Не дека сме безгрешни, имавме и грешки и пропусти, но покажавме најмногу од сите политички гарнитури досега“, истакна актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред делегатите на 15. Конгрес на партијата, кој денеска и утре се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. - И јас сум човек кој работи и греши. И затоа никогаш,...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе се реизбира претседател на партијата

Денеска и утре владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на кој ќе се избира носителот на највисоката партиска функција, за која единствен кандидат е актулениот лидер, Никола Груевски. На Конгресот се очекува да учествуваат 560 делегати, избрани по различни основи, кои ќе гласаат за претседател на партијата. Гласањето е тајно и треба да гласаат сите присутни делегати, без...

Груевски, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски, била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот што истече денеска во 15 часот, во пресрет на конгресот на владејачката партија за избор на претседател, кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува „Курир“. Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски застанале голем број делегати, основачи...

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ бил поместен поради стратешки и безбедносни причини?

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој првично беше најавен за 9 мај, е поместен една недела порано „од стратешки и безбедносни причини“, дознава „Мета“. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираат дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата. - За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото одржување нема никаква врска со најавените протести...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 2 и на 3 мај во Куманово

Петнаесеттиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на втори и на трети мај во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи. На овој конгрес треба да се избере претседателот на партијата, а рокот за поднесување кандидатура е до петок, до 15 часот, во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. - Постапката за избор на претседател...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...