fbpx

Заев на средба со премиерот на Шведска: Повлекувањето на Груевски е неопходно

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, денеска, во рамите на Конгресот на Партијата на европските социјалсти (ПЕС), кој се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта, имале средба со шведскиот премиер, Стефан Лофвен, соопштуваат од СДСМ.

На средбата, Заев ги истакнал ставовите на партијата, според кои, непоходно е Никола Груевски да се повлече од премиерската функција, за да може преодната влада да создаде услови за организрање фер и демократски избори.

„Неопходно е повлекување на Никола Груевски и на неговите најблиски соработници што ги создадоа проблемите во земјата, за преодна влада да создаде неопходни услови за организирање фер и демократски изборен процес. Само на тој начин може да се обезбеди нормализација на институциите, независност на судството, медиумите и, конечно, враќање на демократските вредности и на европската перспектива на Македонија“, рекол Заев на средбата со шведскиот премиер, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...