fbpx

Обама обезбеди поддршка во Сенатот за договорот за нуклеарната програма на Иран

-

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Барак Обама, ја доби потребната поддршка од членови на Сенатот за договорот за нуклеарната програма помеѓу Иран и шесте светски сили, чија имплементација, како што се предвидува, треба во голема мера да придонесе за геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток, пишуваат медиумите во САД.

Сенаторката Барбара Микулски денеска објави дека ќе го поддржи договорот и таа е 34. член на Сенатот што донел таква одлука.

„Ниту еден договор не е совршен, особено таков кој е постигнат во преговори со режимот во Иран. Мојот заклучок е дека заедничкиот сеопфатен акциски план е најдобрата опција што стои на располагање за да се спречи Иран да направи нуклеарна бомба. Од овие причини, јас ќе гласам во корист на овој договор. Секако, Конгресот, исто така, мора да ја потврди нашата заложба кон безбедноста и сигурноста на Израел“, ја цитира „Хафингтон пост“ изјавата на сенаторката Микулски.

Во контекст на нејзината одлука, Микулски изразила уверување дека претседателот Обама ќе ги избегне обидите од противниците на договорот, предводени од републиканците, да го запрат неговото спроведување.

Иако резолуцијата против договорот сè уште може да помине, Белата куќа сега ја има потребната поддршка што му овозможува на претседателот на САД да стави вето на резолуцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...