fbpx

Универзитетски професори од Балканот во Охрид расправаат за образование и за глобализација

-

Универзитетски професори од Балканот, учесници на 10. Меѓународен конгрес во Охрид, расправаат на тема „Образованието и глобализацијата“. Организатори на собирот се Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски “ и педагошките факултети од Тракиските универзитети од Едрене и од Стара Загора, како и Учителскиот факултет од Загреб.

На овој стручен собир ќе бидат претставени повеќе од 200 научни трудови на учесници од повеќе балкански земји.

Деканот на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“, професор д-р Владо Тимовски, нагласи дека расправата на Конгресот е поделена на четири тематски целини, кои ќе донесат различни поттеми поврзани со развојот на образовниот процес.

– Учесниците, главно, ќе се задржат на историските и на општествените аспекти на современото образование, реформите во образованието и на иновациските процеси, како и на современите тенденции во предучилишното, основното, средното и во високото образование. Посебен аспект ќе се даде на прашањето на формирањето на наставнички кадри, а ќе се дискутира и за образованието како развојна компонента на современото општество, за уметноста, културата и за спортот, за математичките и за природонаучните образовни содржини, за улогата на библиотеките во образованието, за мултикултурното образование, за вреднување на квалитетот на образованието, како и за информатичките технологии во образовниот процес – рече Тимовски.

Деканот на Учителскиот факултет од Загреб, проф. д-р Иван Прскало, смета дека 10. Конгрес во Охрид ќе овозможи размена на искуства со оглед на тоа што воспитно-образовниот процес е многу важна општествена функција што треба да се усовршува.

– Единствениот начин на усовршување на овој процес е отворање на границите и размена на идеите. Реформите некогаш одат во позитивна, а некогаш во негативна насока, но дефинитивно, и образованието претрпе демократски промени. Индивидуализацијата која од средината на минатиот век беше врзана за политичките појави што се случуваа во Европа и во светот, во прв план го ставаше детето, а не општеството. Човекот беше во функција на одбрана на општеството. Денес идеалот е општеството да биде посветено на детето, на неговиот развој и креативност. Таквите промени се одразија секаде и тие се неминовни – нагласи Прскало.
Како продолжение на Конгресот „Образованието и глобализацијата“ што ќе трае до утре, на 21 септември во Скопје е предвидено да се одржи Конференција за спортот и физичката култура и за образованието, на која ќе присуствуваат истакнати научни и стручни работници од повеќе европски држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...