fbpx

Со 528 гласови, Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

-

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го доби четвртиот мандат и во наредните четири години ќе биде на чело на партијата, по денешното гласање на делегатите на 15. Конгрес, кој се одржува во Куманово.

Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата, Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, гласале 529, од кои 528 гласале „за“, а едно ливче било неважечко.

Во своето обраќање пред делегатите, по објавувањето на реизборот, Груевски истакна дека целта на ВМРО-ДПМНЕ под негово водство ќе биде „европска Македонија“.

– Ние имаме заедничка цел, ние работиме заедно, нашата цел е силна, успешна и просперитетна Република Македонија. Нашата цел е европска Македонија. Нашата цел е земја со ниска невработеност и со повисок животен стандард, посреќен пензионер, земја на слободни граѓани со многу можности за избори и шанси за успех – рече Груевски.

Тој и денеска зборуваше за опозицијата и за нејзиното дејствување.

Според Груевски, опозиционерите целата своја политичка агенда ја потпираат на зборот „слобода“, но со тоа само го злоупотребуваат овој поим за остварување на своите интереси, а „таа приказна ја прифатиле и некои држави од меѓународната заедница, како алатка за притисок, секоја тргнувајќи од свои интереси“.

– Некој што најмалку треба да говори за слободата и за демократијата во земјава е опозицијата. Ова можеби за некого да звучи како богохулење, но опозицијата е најнедемократскиот фактор во државата, не само поради последните случувања, туку поради една филозофија на однесување која нашата опозиција ја има во последниве 20 години. Таа е вградена во таа партија и може слободно да се сведе на една реченица: тие велат, кога се тие на власт, има слобода, кога не се тие на власт, тогаш нема слобода. Јас тврдам дека има и слобода и демократија, и тоа многу повеќе од некои други земји. Туку, суштината е во тоа како ние, а како тие во СДСМ ја разбираат слободата – рече Груевски.

Правејќи ретроспектива на досегашните проекти, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, Никола Груевски, како приоритети во понатамошната работа ги посочи економските проекти, привлекувањето странски инвестиции, инфраструктурните проекти.

Како обврска и „незавршена работа“, тој го посочи образованието, и критички се осврна на студентските и на средношколските протести против реформите на Владата.

– Во развиените, успешните држави, економски силни, со квалитетна и образована работна сила, не се води никаква дискусија за тоа дали оцените на факултет треба да се добијат со учење или не. Во таквите земји нема средношколски протести кои во 21 век бараат матурскиот испит да не го полагаат електронски. Затоа изразив разочарување, не толку од учениците, туку од дел од нивните родители кои кусогледо застанаа зад децаата, демек да не им се мачат со математиката. Уште повеќе ме разочараа родители кои ги подржаа протестите на децата, не поради тоа што сметаат дека е исправно нивното барање, туку поради тоа што се спротивна политичка опција од нас – рече Груевски.

Тој денеска посочи пет теми околу кои власта и опозцијата треба да имаат меѓупартиски консензус и да не ги користата во меѓусебните препукувања и собирање на дневнополитички поени.

– Тоа се прво, повисок квалитет во образованието, иновациите и претприемништвото, вклучувајки ги мерките за олеснување на бизнисот. Второ, прашања поврзани со стабилноста на земјата, како што се меѓуетничките односи, и погенерално безбедноста на земјата. Трето, проблемот со името. Четврто, напорите за отворање нови работни места и петто, согласноста дека во секоја сфера и секој сектор, треба постојано да си поставуваме повисоки стандарди – посочи Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...