fbpx

СДСМ: Сите гледаат, само Груевски не може да види дека со него е готово

-

„Никола Груевски виде колку е часот и затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го протне својот срамен, принуден реизбор во партијата“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на денешното обраќање на Груевски пред делегатите и гостите на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржува во Куманово.

„Ги призна Груевски доказите од проектот „Вистината за Македонија“, што го разобличија неговото вистинско, сурово и криминално лице. Ги призна и катастрофалните политики, што не успеа да ги покрие со честите менувања на законите, коишто направија ’ршум во сите области. Го призна и апсурдниот проект „Скопје 2014“, што однесе повеќе од 600 милиони евра во џебовите на фамилијата“, стои во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека само Груевски „не може да го види она што го гледаат сите, и неговите сопартијци, па дури и оние од тесната група околу него, дека со него е готово“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...