fbpx

Истражување: Повеќе од 80 отсто од Французите не го сакаат Оланд за претседател

-

Повеќе од 80 отсто од француските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кои треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата „Атлантико“.

Истражувањето, спроведено во пресрет на третата годишнина од изборот на Оланд за претседател на државата, покажало дека 81 отсто од испитаните граѓани на Франција сметаат дека тој покажал негативни резултати како претседател.

Според Ив Мари Кан од институтот ЦСА, на ваквиот резултат влијаеле повеќе економски и социјални фактори, особено зголемувањето на невработеноста.

Според податоците на Евростат, невработеноста во Франција во март изнесувала 10,6 отсто, а во целата еврозона 11,3 отсто.

Анкетата на ЦСА била спроведена преку интернет, а во неа учествувале 991 испитаник, постари од 18 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.