fbpx

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе се реизбира претседател на партијата

-

Денеска и утре владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на кој ќе се избира носителот на највисоката партиска функција, за која единствен кандидат е актулениот лидер, Никола Груевски.

На Конгресот се очекува да учествуваат 560 делегати, избрани по различни основи, кои ќе гласаат за претседател на партијата.

Гласањето е тајно и треба да гласаат сите присутни делегати, без исклучок.

За кандидатурата на актуелниот претседател на партијата, Никола Груевски, која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, професорот Бранислав Саркањац и кардиохирургот Сашко Кедев.

Претходниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во Битола во 2011 година, на кој Груевски го доби третиот мандат за лидер на партијата.

Груевски за претседател на партијата првпат беше избран на Конгресот во Охрид во 2003 година, на кој противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...