Директорот на ЈП „Паркинзи – Центар“, Саша Богдановиќ, во изјава за „Фокус“ тврди дека вчеравечер, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, бил натепан од полициски службеници, а потоа и приведен во полициска станица.

– По завршување на натпреварот помеѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје“, јас се обидов да им пристапам на играчите и да се ракувам со нив. Во тој момент, полицијата почна да ги турка луѓето, а јас ги прашав зошто. Тогаш, полицијата ме извлече, ме легна и ме истепа. Потоа ме однесоа во полициска станица и веќе извесно време никој не ми кажува зошто сум приведен – изјавил Богдановиќ за „Фокус“.

Од МВР засега нема официјална информација за настанот.