fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

ОЈО: Не ја опструираме истрагата, од МВР нема пријави за потешки кривични дела

Јавното обвинителство во ниту еден момент не ја опструира истрагата и не ги попречува надлежните органи во документирањето на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април, туку, напротив, во согласност со законот, дава наредби за нивно откривање и ќе постапи по сите кривични пријави со кои се документирани потешки кривични дела, се вели во реакцијата на Јавното обвинителство,...

Шилегов: Обвинителството да не соучествува, туку да го расчисти насилството во Собранието

Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието, каде се случи загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари и вработени во Собранието. Ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов. Тој нагласи дека кривичните дела сторени во Собранието мора да се решаваат брзо...

Обвинителството „будно“ ги следи настаните по насилствата во Собранието

Јавното обвинителство на Република Македонија утрово соопшти дека „будно“ ги следи настаните во врска со синоќешните насилства во Собранието и „презема мерки за нивно расветлување и за утврдување на фактите“. Оттаму информираат дека од вчера во обвинителството биле воведени вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. „Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство...

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми. „Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив...

Врховниот суд ќе бара мислење од експерти дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите. Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак,...

Случајот „Маѓар телеком“ финишира во САД, кај нас заглавен во обвинителствата и во судовите

Во Македонија во моментов се водат две постапки за „Маѓар телеком“, кои, иако се почнати поодамна, намерно или не, никако да мрднат од мртва точка. Вчера поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, кои беа обвинети за водење тајни договори со премиер и со други лица од Македонија за да ја спречат конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар, се спогодиле...

Врховниот суд ја одложи седницата за користењето на „бомбите“ како докази

Врховниот суд на Република Македонија ја одложи денешната седница на која, според најавите, судиите требаше да расправаат за употребата на „бомбите“ како докази во судските постапки и за тоа кој може да поднесува барања за заштита на законитоста. Според информации од Врховниот суд, седницата била одложена бидејќи дел од судиите биле на боледување и таа ќе се одржи во некој од наредните...

Сите контроверзии и отворени прашања по грабежот на векот во НЛБ во Скопје

По најголемиот грабеж во историјата на независна Македонија, на повеќе од 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, соопштенијата за медиумите испратени од МВР и од Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО Скопје) вчера малку помогнаа, но повеќе им одмогнаа на новинарите во обидот да ја информираат јавноста за деталите на овој, по многу нешта специфичен грабеж: Трезорист...

СЕММ: Медиумите не смеат да се злоупотребуваат за кревање тензија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството. Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните...

ЛДП: Зврлевски потврди дека е последното упориште на режимот на Груевски

Првиот човек на Јавното обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски, велат од Либерално-демократската партија, во врска со вчерашното соопштение на Јавното обвинителство дека е отворена истрага против поранешни високи функционери на МВР и други правни и физички лица од Скопје, Куманово и од Струмица, поради изборни нерегуларности. „Јавниот обвинител,...

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги разгледа доказите за тендерите во „Струмица гас“

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоци од СДСМ и да ги разгледа доказите за тендерите во Јавното претпријатие „Струмица гас“ согласно законот. „Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара. Криење...

Хелсиншки комитет се жали на неефикасна истрага од ОЈО за малата Тамара

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека Јавното обвинителство неефикасно и нетранспарентно ја води истрагата со случајот на малата Тамара Димовска. Од Хелсиншки на 19 февруари 2015 година до Основното јавно обвинителство поднеле кривични пријави против одговорните за несовесно работење во службата и оттаму сè уште немаат добиено никаков одговор. Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, и Хелсиншкиот комитет поднеле барање до...

Јавното обвинителство води предистажни постапки против невладините и Беса

Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство Скопје води предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе невладини организации и политичката партија Беса, јавува „Нова ТВ“. Порталот како извор на информацијата посочува „многу високи извори во истрагата кои поради личната безбедност побарале да останат анонимни“. Според нив, станува збор за невладини организации кои се финансирале од странски донатори, како...

Германија го укинува, Македонија сè уште суди според законот за заштита на монарсите

Министерот за правда на Германија, Хајко Мас, вчера соопшти дека германската влада ќе го укине законот кој им забранува на граѓаните на земјата да ги навредуваат странските лидери. Мас изјавил дека станува збор за „застарен и непотребен закон“. Укинување на законот се случува една година откако канцеларката Ангела Меркел одобри да се поведе постапка против комичарот Јан Бемерман, кој напиша сатирична...

Што сè бара СЈО, а институциите не му даваат?

Одбивањето на Основниот суд 1 на СЈО да му го достави записникот од спогодбата на Звонко Костовски е една од многуте опструкции или несоработки со кои се соочува кабинетот на Катица Јанева. Претходно, Судот го одби барањето на СЈО да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори, не издаде...

Поднесено обвинение за убиството на четиригодишното дете во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против Б.И., осомничен за прегазувањето на четиригодишно дете, кое се случи на 25 јуни годинава кај кумановската болница. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот се товари за убиство, според член 123 од Кривичниот законик. Во врска со случајот, поднесено е обвинение против уште три други лица за насилство. „На 25 јуни годинава, додека...

Македонските дипломати бараат истрага за некролозите со амбасадорите

Синдикатот на македонската дипломатска служба го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот со објавувањето некролози од поранешни и од актуелни амбасадори во Македонија на интернет-страницата „Имгур“ и да ги открие лицата што ги поставиле. „Го повикуваме раководството на македонското Јавно обвинителство итно и најсовесно да ги искористи своите законски овластувања во сферата на истражувањето кривични дела и да ги открие физичките...

Обвинителството истражува 42 случаи на изборни нерегуларности

Комисијата за следење на изборни нерегуларности на Јавното обвинителство досега отворила 42 истраги за кривични дела извршени за време на изборниот процес. Како што информираа денеска од Јавното обвинителство, 20 предмети биле оформени по службена должност, односно по допрен глас по информациите објавени во медиумите, порталите и на социјалните мрежи, три кривични пријави се поднесени од физички лица, а 19...

40-годишен скопјанец загина во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Четириесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Колари, соопшти денеска Јавното обвинителство. Несреќата се случила кога во С.А. удрило комби со скопски регистарски таблички, што го управувал 52-годишен жител на Скопје. „Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувало од...

Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности на Обвинителството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека Комисијата за следење изборни нерегуларности, формирана од Јавниот обвинител во март годинава, продолжува со својата работа, чија цел е заштита на изборниот процес од криминални и од други противзаконити активности. Со комисијата претседава обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија, а членови се четворица виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје. Нивна задача...