fbpx

Врховниот суд ќе бара мислење од експерти дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

-

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите.

Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак, како што рече Вангеловски, седницата не е завршена и точката за употребата на „бомбите“ е само одложена на неопределено време, па за неа ќе се расправа на некоја наредна седница.

Судиите, како што брифираше претседателот на Врховниот суд, околу употребата на „бомбите“ побарале за ова прашање подетално да се проучи практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

– Врховниот суд за ова прашање ќе расправа во наредиот период, при што ќе бидат повикани надворешни експерти да ги дадат своите мислења – рече Вангеловски.

Како експерт била повиканата поранешната судијка во ЕСЧП од Македонија, Мирјана Трајковска-Лазарова. Вангеловски рече дека оти се надева дека таа ќе прифати да го даде своето мислење и да даде образложение околу практиката на ЕСЧП.

Врховниот суд на седницата не донел ниту одлука, односно начелен правен став, околу прашањето дали Специјалното јавно обвинителство смее да поднесува барања за заштита на законитоста, како вонреден правен лек, до Врховниот суд или ексклузивно право на тоа има само државното Јавно обвинителство.

На седницата бил донесена иницијатива дека има потреба да се утврди начелен став за тоа кој има право да поднесува барање за заштита на законитоста.

Ова значи дека во иднина и СЈО и Јавното обвинителство ќе може да поднесуваат вакви барања и Советот на Врховниот суд, ќе има обврска да постапува со нив.

Сепак, останува можноста Јавното обвинителство на Марко Зврлевски да поднесува барања за заштита на законитоста за случаите што ги води СЈО, како што беше случајот со барањето во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Вангеловски најави дека наскоро ќе има седница на која ќе се одлучува по барањето на Зврлевски за укинување на притворот на Кочан, кој веќе два месеци е во бегство надвор од државата. Инаку, Вагеловски е претседател на Кривичниот совет на Врховниот суд, кој треба да одлучува по барањето за притворот на Кочан.

Во врска со барањето на СЈО за повлекување на барањето на Зврлевски, претседателот на Врховниот суд таквото барање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го оцени како апсурдно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...