fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Машки труп пронајден во водите на Вардар, кај Велес

Машки труп бил пронајден кај местото Кораб, близу утоката на реката Бабуна во Вардар, пренесува „А1 он“. Телото го пронашле лица од здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кои веднаш пријавиле во полиција. Според полицијата, телото било во фаза на распаѓање и по наредба на јавен обвинител во Велес, било однесено во Институтот за судска медицина во Скопје, за обдукација.

Приведениот градоначалник подолг период под лупа на истражните органи

Покрај поранешниот градоначалник, во денешната полициска акција во Охрид приведени се и негови блиски соработници од општината, меѓу кои имало и жени, како и лица кои ги добивале тендерските договори за одредени активности во градот вредни околу два милиони евра, јавува охридското „Супер Радио“. Градоначалникот бил под лупа на истражните органи откако минатата година ја загуби изборната трка за трет...

ЛГБТ: Ќе протестираме додека не се фатат напаѓачите

„Истрагата е во тек, до кога?“, повторно денеска  прашаа припадниците на ЛГБТ-заедницата кои излегоа на мирен протест пред објектот на Јавно обвинителство. Околу триесетина протестанти, со фотографии од нападите на ЛГБТ и со списоци на кои беа набројани досегашните напади на ЛГБТ-заедницата, го блокираа влезот пред објектот во знак на револт од, како што велат, досегашната незаинтересираност на институциите за...

Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Невладината организација „Хера“. Карактеристично за сите овие случаи е што убиствата се извршени од...

Обвинителството тврди дека за спогодбата по сообраќајката кај Демир Капија согласност дал претставник на оштетените

Јавното обвинителство како неосновани ги отрфла реакциите на роднините на загинатите во сообраќајката кај Демир Капија и смета дека изречената казна е соодветна за кривичното дело што обвинетиот го признал. - По собирање на сите материјални докази и преземање на потребните мерки и активности за расчистување на случајот, надлежниот јавен обвинител ги повика претставниците на семејството на оштетениот и во...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...