fbpx

Обвинителството „будно“ ги следи настаните по насилствата во Собранието

-

Јавното обвинителство на Република Македонија утрово соопшти дека „будно“ ги следи настаните во врска со синоќешните насилства во Собранието и „презема мерки за нивно расветлување и за утврдување на фактите“.

Оттаму информираат дека од вчера во обвинителството биле воведени вонредни дежурства, а надлежните јавни обвинители се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.

„Во согласност со своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење на елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...