fbpx

Хелсиншки комитет се жали на неефикасна истрага од ОЈО за малата Тамара

-

Хелсиншкиот комитет за човекови права соопшти дека Јавното обвинителство неефикасно и нетранспарентно ја води истрагата со случајот на малата Тамара Димовска.

Од Хелсиншки на 19 февруари 2015 година до Основното јавно обвинителство поднеле кривични пријави против одговорните за несовесно работење во службата и оттаму сè уште немаат добиено никаков одговор.

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, и Хелсиншкиот комитет поднеле барање до Вишото јавно обвинителство Скопје, до Јавниот обвинител на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители да биде спроведен надзор над работата на ОЈО Скопје за да се утврди кои се причините за одолжувањето на постапката, како и ВЈО Скопје да го преземе кривичното гонење во овој случај.

„Според одговорот што го добивме од Вишото јавно обвинителство Скопје, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје предметот го реферирал на колегиумот на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сложеноста на предметот и медиумскиот интерес. На стручниот колегиум одржан на 8 февруари 2016 година било одлучено постапката да продолжи со непосредно обвинение пред надлежен суд, доколку обвинетите не го користат своето право на спогодување на вина“, додаваат од Хелсиншки.

Од денот на одржување на стручниот колегиум има изминато точно една година, а од Хелсиншки велат дека ниту тие ниту мајката на Тамара немаат добиено известување дали осомничените се спогодиле со јавното обвинителство или, пак, е поднесен обвинителен акт.

Од Хелсиншки комитет бараат итен одговор од Јавното обвинителство за исходот од постапката поведена за малата Тамара, а во спротивно велат дека ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...