fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во антитерористичката операција и најавија повеќе...

Димитриев: Обвинителствата не смеат да се претворат во портпароли на партиите

Органите на правдата мора да останат надвор од политичката битка на партиите и не смеат да остават впечаток на политичка обоеност, рече меѓу другото премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Тој нагласи дека Владата ќе им дава поддршка на сите органи...

Притворен жител на селото Алдинци, осомничен за убиство на брата си

Судија на претходна постапка на барање на јавен обвинител му одреди 30 дена притвор на жител на крушевското село Алдинци, осомничен за убиство на својот и брат и за обид за убиство на 14-годишно дете, кои се случиле викендов. Осомничениот, како што соопштија денеска од обвинителството, го убил својот брат во нивната семејна куќа. Тој го нападнал брата си со...

СДСМ: Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

„Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, е добредојден во Струмица и во Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија. Студијата за оправданоста на изградбата на делницата Клечовце - Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони долари“, се вели во...

Снимките од дрон за падот на „пајперот“ се готови, се чека идентификацијата на жртвите

Вчера завршило снимањето со дрон на местото на авионската несреќа, кај селото Кожле, Скопско, во која загинаа шест лица, а снимките се испратени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Снимките во корелација со другиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и на стручните лица од формираниот тим за истрага на...

Пронајдени сите тела на патниците во „пајперот“

Увидните екипи, кои се на местото каде вчера се урна италијанскиот авион, од типот „пајпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници, соопшти Јавното обвинителство. „Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе следува постапка за идентификација“, стои...

Притворен српски државјанин фатен во шверц на 47 мигранти кај Демир Капија

Полициска екипа вчераутро во товарно возило, на автопатот Удово - Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, открила 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан, информираше денеска МВР. Според полицијата, вчера околу 7.30 часот полициските службеници дале знак за запирање на автомобил марка „голф“ со скопски регистарски ознаки и на товарно возило „ивеко“, исто така со скопски таблички, кои не...

Јавното обвинителство се прогласи за ненадлежно за жртвите од невремето

Јавното обвинителство нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело, се вели во соопштението, што денеска го испратија од таму. Од Обвинителеството велат дека во неделата дежурниот јавен обвинител бил извесен од Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Скопје дека има човечки жртви од невремето. Според Јавното...

Три месеци по смртта на Крпач, ОЈО Скопје чека уште едно вештачење и податоци од СЈО

Точно три месеци поминаа од смртта на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во населбата Капиштец, со прострелна рана во градите. Скопското јавно обвинителство сè уште не ја завршило истрагата што треба да ги утврди причините и околностите за смртта на Крпач. Од Јавното обвинителство за „Мета“ велат дека се очекуваат резултатите од уште...

Скопското обвинителство истражува случај на полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за полов напад врз дете што не навршило 14 години, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Осомничениот се товари дека на 22 јули 2016 година, околу 19.30 часот, извршил други полови дејства врз 11-годишно девојче во гаража во близина на Млечен ресторан во Скопје“, стои во соопштението од...

Обвинителството отворило истрага за случајот со невестата со пушка вработена во МВР

Надлежно јавно обвинителство отворило истрага за случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, од која, пред неколку дена, опозацискиот СДСМ објави фотографии на кои се гледа како таа пука од автоматска пушка на својата свадба, соопшти денеска Јавното обвинителство. Иако во соопштението на Јавното обвинителство не се наведени осомничени лица и повеќе конкретни детали, сепак повеќе...

30 дена притвор за осуммина осомничени во акцијата „Којот“

Кривичниот суд им одредил 30 дена притвор на осуммина осомничени во акцијата „Којот“, додека на едно лице му се одредени мерки на претпазливост, односно повремено да се јавува пред надлежен орган, соопшти Јавното обвинителство. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води акцијата, отвори истражна постапка против 16 лица, осомничени во случајот, а за деветмина од нив побара...

Судот го одобри обвинението против тројцата лекари за смртта на родилката од Гевгелија

Јавното обвинителство денеска соопшти дека велешкиот суд  го одобрил обвинителниот акт што обвинителството на почетокот на мај го поднесе против анестезиологот и двајцата гинеколози, кои се товарат за смртта на родилката од Гевгелија, која почина на крајот на октомври минатата година, неколку часа по породувањето. „Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22 октомври 2015 година, при породување на...

Седуммина обвинети во случајот „Чекан“ осудени на вкупно 53 години 6 месеци затвор

Кривичниот суд во Скопје на седуммина од обвинетите во случајот „Чекан“ им одредил вкупна затворска казна од 53 години и 6 месеци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Полициската акција „Чекан“ беше спроведена во декември минатата година, во Гостиварско, а обвинетите се товареа за кривичните дела лихварство и изнуда. Највисоки казни, како што информираат од Обвинителството, им се изречени на Ф.А. и Ф.М....

Во полициска акција уапсени четворица поранешни припадници на ИД

Во акција спроведена рано утринава во Скопје и во Тетово, уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИД, информираат од Јавното обвинителство. „Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување истрага за седум лица, припадници на ИД. На осомничените им се става на...

ОЈО Скопје отвори истрага против 13 вработени во Агенцијата за катастар

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет против 13 лица, вработени во Агенцијата за катастар, кои се товрат за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, осомничените во периодот 1 јануари 2013 до 16 март годинава на клиенти им наплаќале административна такса во готово, а парите потоа ги земале за себе. Осомничените, според Обвинителството, со...

Едно лице приведено за вчерашниот напад на четворица полицајци во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, во координација со СВР-Тетово, презеде дејства за расветлување на вчерашниот ицидент во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на увидот на местото на настанот, пронајдени се, фотодокументирани и подигнати се за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на напаѓачите. „Во текот...

Поднесени обвиненија против девет лица поради трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвиненија против деветчлена група, која се товари за производство и за трговија со марихуана, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, против шест лица е поднесен обвинителен акт за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори, додека против инспектор од СВР Битола, јавен...

Одреден притвор за старецот што изврши полов напад врз седумгодишно девојче во Охрид

Основното јавно обвинителство од Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето Т.Т, на возраст од 73 години, жител на Скопје, со престојувалиште во Охрид, за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот го сторил делото на 6 јуни во центарот на Охрид, каде извршил полови дејства врз оштетеното дете. Според информациите на МВР,...

Одземени пасошите на петмина осомничени во акцијата „Еразмус“

По неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина од осомничените во акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Како што дознаваме, станува збор за тројца универзитетски професори, еден...