fbpx

Едно лице приведено за вчерашниот напад на четворица полицајци во Тетово

-

Основното јавно обвинителство Тетово, во координација со СВР-Тетово, презеде дејства за расветлување на вчерашниот ицидент во кој при обид за лишување од слобода на осуденик, беа нападнати и повредени четворица полициски службеници.

При вршење на увидот на местото на настанот, пронајдени се, фотодокументирани и подигнати се за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на напаѓачите.

„Во текот на ноќта, во полициска станица во Тетово е приведен и задржан еден 36-годишен тетовец Е.Ј., за кој постои сомнеж дека учествувал во кривично-правниот настан и спречил службено лице во извршување службена должност. Настанот се случи вчера попладне, кога четворицата полициски службеници се обиделе да го лишат од слобода 40-годишниот И.И., кој се барал за издржување едногодишна затворска казна. Тој се спротивставил и им дал отпор, а потоа со неговиот татко 69-годишниот А.И. и уште две лица физички ги нападнале полицајците. Таткото во нападот користел и метална прачка, со која на двајца полициски службеници им нанел тешки, а на другите двајца полесни телесни повреди“, велат од Основното јавно обвинителство.

Потешко повредените полицајци биле префрлени на скопските клиники, каде врз еден е извршен и хируршки зафат и тој се наоѓа во животно-загрозувачка здравствена состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...