Притворен српски државјанин фатен во шверц на 47 мигранти кај Демир Капија

-

Полициска екипа вчераутро во товарно возило, на автопатот Удово – Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, открила 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан, информираше денеска МВР.

Според полицијата, вчера околу 7.30 часот полициските службеници дале знак за запирање на автомобил марка „голф“ со скопски регистарски ознаки и на товарно возило „ивеко“, исто така со скопски таблички, кои не застанале на знакот и продлжиле со движењето.

„Голфот“ по кратко време се исклучил по патот кон Демир Капија, а товарното возило продолжило уште 500 метри, по што застанало, а возачот излегол и се обидел да побегне. Сепак, по кратко време тој бил приведен, а полицијата утврдила дека станува збор за 38-годишен српски државјанин, со иницијали Н.С.

По прегледот на возилото, во него полицијата затекнала 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан.

Српскиот државјанин и мигрантите биле приведени и задржани во полициската станица во Неготино за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека регионалниот центар за гранични работи Југ против српскиот државјанин поднел кривична пријава за криумчарење мигранти, а судија на претходна постапка на српскиот државјанин му одредил притвор од 30 дена.

Јавното обвинителство неодамна информираше дека во случаите на шверц на мигранти како извршители сè почество се јавуваат српски државјани. Тие, според Обвинителството, го користат екот на туристичката сезона и транзитот на голем број туристи од Србија кон Грција за да ги прикријат своите криминални активности.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...