fbpx
Таг: јавна администрација

таг: јавна администрација

Македонија на европското дно според интернет пристапот до јавната администрација

Секој петти жител на Македонија лани преку интернет пристапил до јавната администрација, а еден од дваесет електронски (онлајн) пополнил службен формулар, покажуваат податоците на европската агенција за статистика ЕУРОСТАТ. За споредба, просечно во Европската унија секој втор граѓанин преку интернет пристапил до информации или услуги од државните органи и јавните претпријатија, а секој трет преку интернет поднел пополнет формулар за...

Имаме „европска“ јавна администрација, а „македонска“ невработеност (инфографик)

Официјалниот број на вработени во јавниот сектор во земјава е близу до европскиот просек, како процент од вкупниот број вработени, но уште поблизу до македонската стапка на невработеност. Истовремено, просечната стапка на невработеност во ЕУ е 6,8 отсто, или помалку од половина од македонската.  Според Годишниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор за 2018 година, Министерството за информатичко...

Различни институции со различни бројки за бројот на вработени во јавниот сектор

Во земјава е прилично едноставно да се дојде до официјална бројка за вработените во приватниот сектор, но не и до бројот на вработени во јавниот сектор. Формално, Министерството за информатичко општество и администрација води државен Регистар на вработени во јавниот сектор, но тој не ги опфаќа пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците,општинските советници, претседателите и членовите на државни комисии, директорите,...

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. -...

МИОА нема време до крајот на мандатот да ја департизира администрацијата (инфографик)

Владата предводена од премиерот Зоран Заев нема да има време до крајот на својот мандат да ја департизира јавната администрација. Сегашната состојба со вработувањата е слична со таа во минатото - во јавната администрација може да се вработите само ако имате книшка на партијата на власт. - Сè е исто како и порано. Предвидени се многу мерки, но не се...

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ - Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари - 7 март...

Администрацијата и институциите растат, наместо да се намалуваат (инфографик)

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Иако се очекуваше со реформите на јавната администрација, според препораките на експертите, бројот на вработените во јавниот сектор да се намали, сепак официјалните бројки покажуваат дека таа се зголемила. Власта тврди дека вработувањата биле неопходни, пишува „Порталб“. Бројот на вработени во јавниот сектор до 31 декември 2018 година е 132.068 распоредени во 1.314 институции, а во 2017 имало 1.299 институции...

Од планирани 72 активности за реформа на јавната администрација, спроведени 27

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска го презентираше првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата и Акцискиот план за реформа на јавната администрација. Дополнително, на истиот настан беше презентиран Извештајот за имплементација на Стратегијата за реформи на јавната администрација (СРЈА), изработен од „Евротинк“ и Фондацијата Отворено општество Македонија. Според заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, Стратегијата...

Манчевски: Ќе анализираме каде има поклопување во администрацијата

Ќе се прави хоризонтална функционална анализа на јавната администрација, за да се утврди каде има дуплирање, за таа потоа да се реорганизира и оптимизира, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој рече и дека половината од државните органи биле формирани без јасни граници на дејствување и честопати има поклопување на надлежностите. - Ова значи дека конечно во...

Анкета: Властите не се консултираат со граѓаните за квалитетот на јавните услуги

За прекумерната бирократија (red tape) во јавната администрација, 48 отсто од граѓаните од Западен Балкан мислат дека во последните две години постојат иницијативи или напор од страна на нивните влади со цел да се поедностават административните процедури за граѓаните и бизнисите. Овој став го делат мнозинството граѓани во Косово (57 проценти), но само 28 проценти во Босна и Херцеговина,...

Манчевски: За ефикасни и брзи услуги потребна е одговорна администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваше на јавната дискусија за потребата од измени на Законот за административни службеници (ЗАС) и Законот за вработени во јавниот сектор. Тој рече дека за граѓаните да имаат ефикасни и брзи услуги, потребна ни е стручна и одговорна јавна администрација. „Ваква администрација може да постои доколку од една страна имаме јасни, прецизни и добро...

Вкупно 139.009 вработени во јавниот сектор

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг. Иако не е целосно функционален Регистарот на вработените во јавниот сектор, за чие...

Бројката на административци ќе биде објавена в петок

Пребројувањето и анализата на состојбите во администрацијата е завршена и в петок ќе бидат презентирани бројките и состојбата, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешниот брифинг. Извештајот за состојбата во администрацијата се најавува уште од стапувањето на функција на новата Влада.

Манчевски: Од вработените по Рамковен договор, 958 ќе почнат да одат на работа

Направен е план за распределба на работни места во институциите од јавниот сектор на 958 лица од вкупно 1.600 кои се вработени согласно Рамковниот договор, соопштија денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика. - По анализата на која што работевме изминатиот период и спој на потребите на институциите и...

Манчевски: Нема реформа на јавна администрација преку ноќ, тоа е процес кој трае

Министерот на информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави промени во законските рамки поврзани со класифицирањето на документацијата, со цел што повеќе документи да бидат јавно достапни. На денешната работилница „Предизвици во реформите во јавната администрација“ која се одржува во хотелот „Мериот“, во организација на СИГМА, тој додаде дека реформата на јавна администрација не само што нема да заврши преку ноќ, туку...

Манчевски: Вработените според Рамковен ќе бидат распределувани и во училишта

Луѓето што примаат плата според Охридскиот рамковен договор, а не одат на работа, ќе бидат распоредувани на работни места не само во јавната администрација, како досега, туку ќе добијат понуда да работат во целиот јавен сектор, односно и во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој појасни на 1.600 вработени...

Манчевски: Со реформите ќе се деполитизирa администрацијата и ќе се отворат податоците

Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година која вчера беше усвоена на владина седница предвидува четири клучни области - креирање и размена на политики, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност и давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата, информираше денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој истакна дека во...

Жбогар: Загубеното време да се надомести со поголема посветеност на реформите

Загубеното време треба да се надомести преку посилна посветеност на владата и на јавната администрација на тековните реформи и со посилна вклученост на граѓаните во реформите. Секој има одговорност за напредокот на земјата, вели шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот во врска со усвојувањето на Акциската програма на Европската комисија за Македонија за 2017 година и...

Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

Европската комисија и Владата се многу сензитивни во поглед на каков било реваншизам врз партиска и политичка основа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, прашан дали има препорака од Европската Унија, за директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, и понатаму да остане на челната функција на агенцијата. - Целта на реформата на јавната администрација е таа да се задснова на системот...

Невладините бараат од Владата информации за администрацијата и поголема отвореност

Граѓанскиот сектор бара дополнителна ефикасност и транспарентност во поглед на регистарот на вработени во јавните институции, соопшти владината служба за информирање. Од граѓанските организации, на денешната средба со работни групи од министерствата, било побарано да се подобри ефикасноста на примената на Законот за пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди поголема транспарентност на податоците за привремените вработувања. Денешната средба е...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...