fbpx
Таг: јавна администрација

таг: јавна администрација

Порталб: Реорганизацијата на администрацијата најавена во 2017 година сè уште е во почетна фаза

Процесот на реорганизација на јавната администрација, со кој се предвидува намалување на бројот на институции и вработени во јавниот сектор, сè уште е далеку од реализација. И покрај тоа што беше ветено во 2017 година, до денес законот сè уште не е подготвен, пишува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири вчера изјави дека процесот на реорганизација е сè...

Порталб: Јавниот сектор во земјава лани бил намален за 1.695 вработени [инфографик]

Бројот на вработени во јавниот сектор лани бил намален за 1.695, споредено со 2019 година, додека бројот на институции е зголемен за 8. Ова го покажува извештајот за 2020 година на регистарот на вработени во јавниот сектор изготвен од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), известува Порталб.мк. Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година...

Министерот Шаќири: Трансферот на административци во приватниот сектор ќе се разгледа по септември

Сè уште не е почната реализацијата на идејата за префрлање на административците од јавниот во приватниот сектор како мерка за намалување на големиот број административци. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири вели дека моделите за имплементација на ваква идеја ќе почнат да се разгледуваат по септември или октомври, пишува Порталб.мк. Трансферот на административците од јавниот во приватниот сектор,...

Груби го направи планот за распределба на 1.357 рамковни административци во 258 институции

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во согласност со законските обврски од законот К5, до Владата на Република Северна Македонија ги достави информациите со планот за распределба на 1.357 административни службеници, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година. Овие вработени се наоѓаат на платниот список на ова министерство како вработени според Рамковниот договор, но...

Китеска: Реформата на јавната администрација е од суштинско значење за напредокот на земјава кон ЕУ

Овој Извештај треба да го сфатиме како обид за освестување и на централната и на локалната власт, за преземање на чекори за подобрување на личната одговорност на раководството и за делегирање на одговорноста на различни нивоа на управување, иако според Извештајот делегирањето на овластувањата за донесување одлуки на средното ниво на управување останува ограничено. Колку ќе сработиме и со...

Заев ја повлече одлуката, администрацијата и понатаму ќе има флексибилно работно време

Вработените во јавната администрација од утре ќе продолжат да работат по флексибилно работно време. Премиерот Зоран Заев не ја потпиша вчерашната владина одлука за воведување на фиксно работно време на вработените од органите на државната управа од 8 до 16 часот. Ова значи дека административците од утре (1 октомври) ќе продолжат да функционираат со флексибилното работно време од 7:30...

Од 1 октомври сите вработени во јавната администрација ќе работат од 8 до 16 часот

По три години примена на флексибилното работно време, јавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот. Владата денеска ја донела оваа одлука, а во владиното соопштение се најавува дека истата стапува на сила за два дена и ќе биде од времен карактер. „На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира...

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен...

Уставен суд ја поништи владината уредба за минималец за функционери, судии и обвинители

Уставните судии на денешната седница ја поништија владината уредба за намалување на платите на функционерите, судиите и обвинителите за април и мај на 14.500 денари месечно. Владата ја донесе ваквата уредба како една од мерките во борбата против епидемијата со корона вирусот во земјава, како и за справување со финансиските потешкотии за државниот буџет што произлегоа од Ковид-19. Покрај тоа...

Истражување на „Метаморфозис“: Реформата на јавната администрација е најзабележлива во дигитализацијата, најбавна во функционалните анализи 

Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање - јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Најголем напредок е забележан во процесот на дигитализацијата, а најбавно се спроведуваат функционалните анализи, се наведува во денеска објавеното истражување на Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. Второто по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација, беше спроведено во...

МИОА: Трансферот на вработени од јавен во приватен сектор ќе биде доброволен, без уцени

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на прес-конференција го повтори ставот дека е против трансферот на вработени од јавен во приватен сектор бидејќи според нив оваа реформа ќе се користи за уцени и заплашување врз вработените. „Прашуваме зашто е потребен овој трансфер на веќе обучени административци кога сведоци сме дека во последниве три години се вработени преку 40.000 нови вработени...

Во извештајот на ЕК препознаени препораките на проектот ACTION SEE и на „Метаморфозис“ за Стратегијата за транспарентност

Европската Комисија (ЕК) во краткиот извештај што го објави во понеделникот, препорача Европската Унија (ЕУ) да отпочне преговори со Северна Македонија и со Албанија за членство во Унијата, а меѓу позитивните забелешки, ЕК спомена дека земјата преземала значителни чекори за зајакнување на независноста на судството, го подобрила учинокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал, а постигнала напредок и...

Изборите ја попречија реформата на администрацијата

Резултатите од ветувањата во јуни 2017 година на Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека ќе има реконструкција во администрацијата нема да ги видиме во овој мандат на владата. Според министерот, реформите се попречени од изборите на 12 април, односно од мораториумот за активности од овој тип пропишан од Изборниот законик, пишува „Порталб.мк. - Нема да има отпуштања...

Ќе чекаме уште една година за реорганизација на јавната администрација

Во 2021 година треба да заврши проектот за реорганизација на јавната администрација во Македонија. Овој проект ќе им овозможи на министерствата да постанат институции за креирање политики, агенциите да бидат тела за спроведување на тие политики, а инспекторатите да имаат надзорна функција. Според ветувањата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), нема повеќе да има мешање на надлежностите...

Пред штипјани претставена платформата „е – услуги“

Последна алка во дигитализацијата на услугите на јавната администрација – вака денеска во Штип беше претставена новата дигитална платформа „е - услуги“, на првата јавна трибина на Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 127 услуги се достапни до граѓаните, кои од дома преку својот компјутер ќе може да завршат некоја административна работа. Новиот национален портал е надополнување на системот...

1.000 административци работат на по две, три, а некој дури и на шест работни места

Во јавниот сектор има повеќе работни места отколку вработени, а има вработени кои пополнуваат работни места во две или повеќе институции. Оваа напомена стои во три од четирите досега објавени годишни извештаи за бројот на вработени во јавниот сектор, но само во еден, во оној кога првпат се споменува, е даден број на повеќекратно вработените. Бројот на лица кои пополнуваат...

„Че тим ТВ“: Партиски вработувања во јавната администрација (ВИДЕО)

Младите на „Че тим ТВ“ започнаа со објавување нoва серија со кратки видеа.  Темата на првото видео се однесува на вработувањата во јавната администрација, пренесува Порталб.мк. (за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) Јавната администрација во северна Македонија минатиот период, но и сега е цел на критики бидејќи постои перцепција дека е...

Државните директори ќе ги бира комисија наместо Владата, освен во половина државни институции

Комисија, а не Владата, ќе ги бира високите раководители во институциите од кандидати-професионалци, но не во целиот јавен сектор. Промената, заедно со првпат пропишана дисциплинска одговорност за раководители, е предвидена со предлог-законот за висока раководна служба, што Владата го усвоила вчера на својата 169. седница. - Ова е тектонска промена во начинот на избор на лица на високораководни позиции. Досега...

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените во АРМ, полицијата и Агенцијата за разузнавање. За нив, во регистарот стои само број на...

Администрацијата официјално пораснала за три отсто, но непозната е вкупната бројка на вработени во јавниот сектор (инфографик)

Бројот на вработени во јавниот сектор, според македонската дефиниција, пораснал за 3.750 од 2015 до 2018 година, откако се води регистарот за вработените во државните установи и претпријатија. Но, покрај оваа бројка, која се пресметува со вкрстување на податоци од низа извори, во 2017 година за прв пат е објавено дека  над 10.200 лица се ангажирани со договор за...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...