Фото: Арбнора Мемети

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во согласност со законските обврски од законот К5, до Владата на Република Северна Македонија ги достави информациите со планот за распределба на 1.357 административни службеници, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година. Овие вработени се наоѓаат на платниот список на ова министерство како вработени според Рамковниот договор, но во наредниот период за нив ќе се најде конкретна работна позиција во 258 државни и локални институции.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу
заедниците, Артан Груби го доставил планот за распределба на административните службеници 2 недели пред крајниот рок утврден од владата, информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Меѓу 258 институции на локалната самоуправа и други државни органи, административните работници ќе бидат систематизирани во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции.

Од ова министерство информираат дека вработените ќе бидат распоредени во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува.