fbpx

Пред штипјани претставена платформата „е – услуги“

-

Последна алка во дигитализацијата на услугите на јавната администрација – вака денеска во Штип беше претставена новата дигитална платформа „е – услуги“, на првата јавна трибина на Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 127 услуги се достапни до граѓаните, кои од дома преку својот компјутер ќе може да завршат некоја административна работа.

Новиот национален портал е надополнување на системот на дигитализирани услуги по електронскиот централен регистер и платформата за достава на електронски услуги, објасни министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

– Граѓаните се сведоци на масовна дигитализација на јавниот сектор. Овој систем овозможува целосно користење на дигитални услуги што ги дава администрацијата, а на ваков начин бизнисот и граѓаните добиваат побрзи, поефикасни и поевтини услуги. Неограничен е потенцијалот со ова во тоа што може сѐ да се користи и за што да се употреби. Со ова, се воведени сите елементи, кои ќе овозможат дигитализација на јавниот сектор, а е – услуги е последниот елемент – рече Манчевски.

Денешната презентација беше во функција на подобро информирање на граѓаните и бизнисот за начинот на регистрирање и користење на порталот. Од друга страна, беа повикани и локалните институции и општините, да ги дигитализираат своите услуги и на тој начин да станат дел од порталот е – услуги. Министерот Манчевски најавува дека следната година уписот на училиште би можел да се одвива дигитално, преку националниот портал.  

– Она за што интензивно работиме со Министерството за труд и социјална политика со директно вклучување на општините, како пример ви го давам електронски упис на дете во градинка. Граѓаните кои сакаат да го запишат своето дете во градинка ќе може да добијат онлајн информација каде има слободни места, да ја пратат пријавата и да добијат повратен одговор. Од следната година сакаме и уписите во училиштата да бидат електронски. Ова се само примери на неограничени можности и услуги без граѓаните да мора да одат на било кој шалтер – изјави Манчевски.

Од Општината Штип пројавија интерес за вклучување во системот. Плаќањето даноци преку овој систем, е една од првите услуги за која оваа општина е заинтересирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...