„Че тим ТВ“: Партиски вработувања во јавната администрација (ВИДЕО)

Фото: Арбнора Мемети

Младите на „Че тим ТВ“ започнаа со објавување нoва серија со кратки видеа.  Темата на првото видео се однесува на вработувањата во јавната администрација, пренесува Порталб.мк.

(за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Јавната администрација во северна Македонија минатиот период, но и сега е цел на критики бидејќи постои перцепција дека е легло на вработување партиски милитанти, кои „се местат во удобно“ во замена за нивните партиски активности. За ова слушнавме и во „бомбите“ објавени од СДСМ во 2015 година, кога функционери се слушаа како организираа вработени во администрацијата да излезат на протест, но и да гласаат. Во извештаите на Европската Комисија редовно се нагласува потребата од забрана на партиски вработувања, односно да нема вработувања без соодветни критериуми за прием.

Конечно, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во еден извештај има наведено дека главните причини за корупција при вработувањето во јавниот сектор се силното политичко влијание, неказнивост за коруптивно однесување, недостатоци во законите, склоност кон корупција на вработените, односно „проблеми со интегритетот на човечкиот фактор “и слабиот надзор и контрола се главни причини за корупција во јавното вработување. За да се “адресираат“ овие ризици, според процените на државните службеници кои се борат против корупцијата, потребни се казнување на корупцијата, подобри закони, посилен надзор и контрола, но политичката волја е клучна.

Според една анализа на ДКСК, на скала од 1 до 9, ризикот од корупција при вработување во државата е 9.

Од друга страна, познавачите на политичките прилики во Северна Македонија истакнуваат дека во реформите во државната администрација треба уште многу да се поработи се додека државната администрација се користи, како што велат, како алатка за задоволување на партиските активисти, што станува сé поочигледно пред изборните циклуси .

Државната администрација во моментот брои над 130.000 вработениПознавачите на политичките проблеми велат дека јавниот сектор ќе остане во фокусот на интересот на младите за вработување сè додека приватниот сектор не зајакне заз да гарантира повисоки плати и можности за напредување во кариера.

Бројот на вработените во јавниот сектор, според дефиницијата на Македонија е зголемен за 3.750 од 2015 до 2017 година, откако почна да се одржува регистерот на вработени  во државните институции и претпријатија.  Но, покрај овој број, кој се пресметува споредувајќи ги податоците од повеќе извори, во 2017 година за првпат беше објавено дека над 10.200 лица се вработени во договори за привремени вработувања или се вработени во државни акционерски друштва.

И покрај тоа, според едно истражување објавено од „Евротинк” и „Фондацијата Отворено општество Македонија” , повеќето граѓани на Северна Македонија сметаат дека јавната администрација е непрофесионална, нетранспарентна, преоптоварена и за да се добијат услуги од нив се користат врски.