fbpx

Манчевски: За ефикасни и брзи услуги потребна е одговорна администрација

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваше на јавната дискусија за потребата од измени на Законот за административни службеници (ЗАС) и Законот за вработени во јавниот сектор.

Тој рече дека за граѓаните да имаат ефикасни и брзи услуги, потребна ни е стручна и одговорна јавна администрација.

„Ваква администрација може да постои доколку од една страна имаме јасни, прецизни и добро дефинирани правни основи за нејзиното функционирање, а од друга страна стручни и одговорни јавни службеници со високи етички вредности. Факт е дека реорганизација на јавната администрација мора да има, и на тоа работиме во моментот“, рече Манчевски.

Претседателот на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Пецо Грујовски, рече дека како најбитна забелешка ја истакнува политиката на платите во јавната администрација.

„За нас како синдикат неприфатливо е над 50 отсто од административните службеници да земаат плата под државниот просек. Еден од најбитните недостатоци на овие закони за нас е неможноста одредени области и прашања од овие закони да се регулираат со колективен договор. Согласно постојните законски одредби, Синдикатот е исклучен од учество во изготвување на сите подзаконски акти кои ги уредуваат правата на вработените. Иако начинот на пресметување на платите на вработените е даден во ЗАС, се уште има голем број институции каде платите се пресметуваат со правилници кои се чуваат како да имаат дознака строго доверливо па дури ни трудовата инспекција не може да ги прибави“, рече Грујовски.

Тој додаде дека ограничувањето на правото на штрајк се движи од намалување на платите за време на штрајкот, водење на евиденција кој штрајкува, доведување на заменски работници, а во некои посебни закони иако ова право на штрајк е предвидено, истото реално не може ни да се оствари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...