fbpx
Таг: извештај

таг: извештај

Онлајн настан на ИЦЕДА: Дигитализирани услуги од државата значат подобар живот за граѓаните и поволна деловна клима за бизнисите

Дигитализацијата е клучна компонента во борбата против корупцијата во општеството, бидејќи го елиминира човечкиот фактор и го намалува ризикот од корупција, истакна заменик министерот во Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски на онлајн настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија“ кој се одржа...

Во вторник ќе се презентира Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во земјава

Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, ко-финансиран од Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис на 6 јули 2021 год. (вторник), со почеток од 10 часот, преку ZOOM го организира онлајн настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија“.  Настанот ќе се состои од кратко претставување на истражувањето...

НБРСМ: Лани плаќањето со платежни картички достигна 56,2 отсто во вкупните плаќања

Пандемијата со ковид-19 ги забрза процесите на дигитализација на плаќањата, особено електронското иницирање на кредитните трансфери и користењето на електронската трговија. Вкупниот број плаќања извршени во 2020 година забележа годишен раст од 10,2 отсто, при зголемување од 15,6 отсто на плаќања извршени со платежни картички. Ваквите движења придонесоа за натамошен раст на учеството на платежните картички, кое достигна 56,2...

ЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите-секој трет се поништува

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Според податоците добиени од мониторингот на јавните набавки, поништувањата на тендерите достигнаа до 33 отсто, што е највисоко ниво во последните неколку години, а причината за тоа...

Извештај за 2020 година: Зголемен број на напади врз новинари, слаб напредок во медумските слободи

Во 2020 година нема сериозни промени во медиумската сфера но има зголемување на трендот на напади, односно состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници не е подобрена за разлика од минатата 2019 година туку напротив е влошена, се вели во извештајот Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите 2020, кој денеска беше презентиран...

ИЈЗ: 30 отсто помалку случаи на ковид-19 и 46 отсто понизок број на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (42 отсто), а највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар. Како што велатт од...

Во очекување на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион, во Охрид се уредува крајбрежјето

Во пресрет на Конечниот извештај на УНЕСКО за Охридскиот регион што треба да биде објавен на 4 јуни, охридскиот градоначалник Константин Георгиески денеска на прес-конференција објаснуваше што се презема за отстранување на бесправно изградените објекти и за уредување на крајбрежјето на Охридското езеро. Иако досегашните најави се дека претстојниот извештај на УНЕСКО ќе содржи сериозни критики и ќе влијае на...

Состојбата со корупцијата е многу сериозна, оценува претседателката на ДКСК Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, истакна дека состојбата со корупцијата е многу сериозна на денешната прес-конференцијата посветена на сработеното во 2019-2020 година. Таа потенцираше дека и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции. Изразено политичко...

„Фридом Хаус“: С. Македонија бележи демократски напредок како единствена на Балканот меѓу земјите во транзиција

Северна Македонија како држава во транзиција бележи демократски напредок изиминатава година, со подобрување од 0.07 поени, односно го зголемила индексот на демократија од 3,75 на 3,82, за разлика од повеќето други земји во регионот, стои во извештајот на „Фридом Хаус“ насловен „Земји во транзиција 2021 година“. Ова е втор најдобар резултат од вкупно 29 земји кои се анализираат во...

Истражување на СЗО: Ковид-19 најверојатно потекнува од животно, но клучните прашања остануваат неодговорени

Заедничкото истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на ковид-19 од Вухан покажа дека е „многу неверојатно“ вирусот да се појавил од лабораторија, а најверојатното од четирите сценарија што ги евалуирале истражувачите е дека вирусот SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста ковид-19 се пренел од лилјаците на луѓето преку друго животно, известува новинската агенција „Асошиејтед прес“ која...

ИЈЗ: Бројот на нови случаи на ковид-19 е зголемен за 23 отсто, смртноста намалена за 17,4 отсто

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 март 2021, тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување...

Новиот состав на Собранието со пониско ниво на квалитет на дебата отколку претходните

Квалитетот на дебатата во Собранието, од стапувањето на функција на пратениците на најновиот парламентарен состав на 4 август минатата година сè до крајот на 2020 година е на најниско ниво во последните седум години, се вели во извештајот за овој период подготвен од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје. Аналитичарите притоа се фокусирале на дискусиите кои се однесуваат на...

Хелсиншки комитет: Затворите да обезбедат посебни простории за самоизолација на ковид позитивните затвореници

Состојбата во затворите може да стане многу критична доколку во установите навремено не се преземат мерки против ширење на ковид-19, стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој се базира на теренски посети во периодот од 1 август до 1 октомври 2020 година во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во РСМ, извршени од страна на претставници на Комитетот...

Владата бара увид во сите кривични пријави и извештаи за случаи на корупција и перење пари за изминатите две години

Владата на 43. седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, информираат од таму. „Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии-Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии -...

Петтина од вкупната електрична енергија во ЕУ лани била испорачана од ОИЕ

Европејците минатата година добија повеќе eлектрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) отколку од фосилни горива, се вели во годишниот извештај на „Ембер“ и „Агора енерџивенд“. Извештајот, кој го следи енергетскиот сектор на ЕУ од 2015 година, откри дека ОИЕ испорачале 38 отсто од вкупната електрична енергија во текот на ланската година, во споредба со 37 отсто од...

Алијанса „Разбистри сѐ“ бара учество во изработката на Извештајот за Охридскиот регион што ќе се праќа до УНЕСКО

Триесет и една граѓанскa организациja и високообразовни институции од Алијансата „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО. Од Алијансата „Разбистри сѐ“ сметаат дека вклучувањето на јавноста во информирањето на Центарот за светско наследство при УНЕСКО е особено...

Општините незаинтересирани за спроведување на Законот за домување

Иако се изминати повеќе од девет години од последниот рок во кој согласно Законот за домување сопствениците на станови беа должни да определат управител или да регистрираат заедница на сопственици, загрижува што дел од градоначалниците на општините сé уште немаат назначено општински инспектори за домување, а и во тие општини каде што има назначено инспектори, тие не постапуваат согласно...

МОТ: Ковид кризата го зголеми бројот на лицата кои работат од дома за пониски плати

Порастот на бројот на лицата кои работат од дома како резултат на пандемијата од ковид-19 ги истакна лошите работни услови со кои тие се соочуваат. Нивниот број пред ковид кризата изнесуваше околу 260 милиони луѓе ширум светот, што претставува 7,9 проценти од глобалната вработеност, а 56 проценти од нив (147 милиони биле жени). Во првите месеци од 2020 од...

Објавен периодичниот извештај за исполнувањето на Итните реформски приоритети од областа на медиумите

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, го објави периодичниот извештај кој ги презентира генералните резултати од набљудувањето на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) од областа на медиумите за периодот од 15 август 2020 до 15 декември 2020 година, во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Во рамките на Итните...

УНДП во Индексот за човеков развој ги вклучи емисиите на јаглерод диоксид и материјалниот отпечаток на земјите

Извештајот за човековиот развој на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) годинава вклучи нов експериментален индекс за човековиот напредок, во кој се земени во предвид количеството на емисии на јаглерод диоксид и материјалниот отпечаток на земјите во светот. „Пандемијата предизвикана од ковид-19 е најновата криза со која светот се соочува, но доколку луѓето не ја ослободат природата од нивниот...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...