fbpx

Алијанса „Разбистри сѐ“ бара учество во изработката на Извештајот за Охридскиот регион што ќе се праќа до УНЕСКО

-

Триесет и една граѓанскa организациja и високообразовни институции од Алијансата „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, кој Владата треба да го достави до УНЕСКО.

Од Алијансата „Разбистри сѐ“ сметаат дека вклучувањето на јавноста во информирањето на Центарот за светско наследство при УНЕСКО е особено важно заради исклучително ранливата состојба во која се наоѓа Охридскиот регион и за понатамошните активности за зачувување на најголемото природно и културно богатство.

„Според Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Архуската конвенција, владините институции се должни да го стават Нацрт-извештајот на увид на јавноста, да побараат мислење од научнообразовни установи и стручни организации во рок од најмалку 30 дена и во конечниот текст на извештајот соодветно да ги вградат добиените мислења од спроведениот јавен увид, бидејќи светското наследство на Охридскиот Регион им припаѓа на сите“, соопштија од „Разбистри сѐ“, од каде бараат од Министерството за култура веднаш да го објави Нацрт-извештајот за Охридскиот Регион од 2020 година, изготвен од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО.

Дописите со барањата на „Разбистри сѐ“ денеска беа доставени до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми Салиу и до директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...