Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (42 отсто), а највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Како што велатт од ИЈЗ, една третина од лицата кои заболеле минатата година се на возраст над 60 години.

„Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (17 отсто), 40-49 (16 отсто), 30-39 (13 отсто) и 20-29 (11 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (2,6 проценти) и 10-19 години (6,5 проценти)“, велат од ИЈЗ.

Додаваат дека изминатата седмица се пријавени 13 смртни случаи како последица од ковид што е намалување за 46 отсто во споредба со претходната седмица.

Во однос на вакцинацијата, заклучно вчера 6 јуни, аплицирани се 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза), 45.168 дози на „Спутник V“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза), 32.875 дози на „АстраЗенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

Заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.