fbpx

Во вторник ќе се презентира Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во земјава

-

Во рамки на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, ко-финансиран од Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис на 6 јули 2021 год. (вторник), со почеток од 10 часот, преку ZOOM го организира онлајн настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Презентација на Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија“. 

Настанот ќе се состои од кратко претставување на истражувањето спроведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија, кое Фондацијата Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот и истиот ќе послужи за развивање на дискусија за предизвиците и следните чекори за подобро спроведување на дигитализацијата во Северна Македонија.

“Дигитализација во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок) е ефективен механизам за подобрување на добросостојбата на граѓаните. Тоа подразбира унапредување на електронското работење и поголема ефикасност на институциите, организациите и на другите општествени субјекти. Неопходноста од дигитализација стана уште поевидентна поради пандемијата со ковид-19, затоа што укажа на ургентната потреба од механизми, алатки и од адаптирана регулатива за подобра организација и за целосно функционално општество. Притоа, до израз дојде и т.н. „дигитален јаз“, односно –разликите меѓу граѓаните   вопочетните позиции – за пристапот до Интернет и до соодветни електронски уреди, а оттаму и разликите во нивоата на нивните дигитални вештини / писменост”, се наведува во Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија.

На претстојниот настан во вторник како говорници е предвидено да учествуваат: Александар Ацев, Раководител на служба во Национален центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ; Александар Бајдевски, Заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација; Бардил Јашари, Извршен директор на Фондација Метаморфозис; Елена Манчева, Државен секретар во Министерство за информатичко општество и администрација; Д-р Ирена Бојаџиевска, Доцент на Универзитет Американски колеџ во Скопје; Д-р Наталија Шикова, Декан на Правниот факултет на Меѓународниот Балкански Универзитет; Искра Белчева – Ристовска, Програмски координатор во Центар за управување со промени и Никица Мојсоска-Блажевски, Главен извршен директор на Македонија 2025.

На настанот се очекува да присуствуваат претставници на институции, граѓански организации, медиуми, граѓани и сите останати засегнати страни. Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација: https://forms.gle/z5umvQsyN3SpxXrQ9, додека новинарите се поканети да го проследат настанот преку следниов линк: https://techsoupglobal.zoom.us/j/98445194395?pwd=VG9wOHZPOUZFMU8ydjBER0FVRjY4UT09.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис  (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија)НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...