fbpx
Таг: избори

таг: избори

Заев: Неприфатлив е предлогот на Груевски за 20 пратеници од дијаспората

За лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е неприфатлив предлогот на премиерот Никола Груевски дијаспората да избира 20 партеници. - Еднаквото право на глас, односно еднаквата вредност на гласот е едната опција  што е понудена. Ако имаме 8.200 гласачи за пратеник во Европа, ќе има еден пратеник, ако тоа се случи во Австралија и во Америка, ќе има и таму пратеник....

Коѕиас ќе продолжи да ја води грчката дипломатија

Никос Коѕиас останува шеф на дипломатијата во втората влада на Алексис Ципрас. Портпаролката на владата, Олга Геровасили, вчера на полноќ ги објави имињата на новите министри и заменици од СИРИЗА и од коалициската Независни Грци. Владата ќе поднесе заклетва рано утринава, а старо-новиот премиер Ципрас веднаш потоа заминува во Брисел на состанок за бегалската криза. Првите оцени во Грција се дека...

Меимаракис го напушта „тронот“ на Нова демократија по изборниот пораз

Поразот на Нова Демократија на овие парламентарни избори води кон нова промена на врвот на партијата. Евангелос Меимаракис, како и неговиот претходник Андонис Самарас на претходните избори, се повлекува од позицијата претседател на Нова демократија. Партијата преку кратко соопштение најави дека по разговорите што вчера ги имале Меимаракис и секретарот на политичката комисија на Нова Демократија, Андреас Папамикос, било одлучено од...

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер. Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА - Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно ќе замине во Брисел на...

Германија: Русија да се огради од изборите на истокот на Украина

Германската влада jа критикуваше Русија бидејќи не се оградила од плановите на проруските сепаратисти да одржат избори на истокот на Украина без консултација со Киев. Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка, рече дека е „жално што Русија не се дистанцирала од ваквите планови“. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека „очекува од Москва да го искористи своето влијание врз сепаратистите за да...

Ципрас најави влада на СИРИЗА и на Независни Грци

Насмеан, среде еуфорична атмосфера и весела толпа поддржувачи, лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, чија партија победи на предвремените парламентарни избори, го најави продолжувањето на владината коалиција меѓу неговата левичарска партија и десничарите Независни Грци. Видно задоволен, исправен на плоштадот среде центарот на Атина, Ципрас најави дека од утре продолжува работата на владата и борбата за државата и народот да се...

СИРИЗА води на парламентарните избори во Грција

СИРИЗА се чини блиску до втората изборна победа. Првите неофицијални резултати од анкетите за медиумите покажуваат дека СИРИЗА ќе биде прва партија и ќе освои од 30 до 35 проценти, Нова демократија е веднаш зад неа, со прогноза дека би освоила од 28,5 до 33 проценти од гласовите. Трета партија, според овие резултати, е неонацистичката Златна зора со 6 до 8...

Груевски: Не се плашам од Катица Јанева

Премиерот Никола Груевски не се плаши од специјалниот јавен обвинител. Тој денеска при посетата на Клиничкиот центар рече дека нема зошто да се плаши од специјалниот обвинител, објави „МКД.мк“ - Се разбира, не се плашам, нема зошто да се плашам - одговори Груевски на новинарско прашање. На прашањето чиј бил предлогот Катица Јанева да биде избрана за специјален јавен обвинител, Груевски...

СИРИЗА останува посветена на ставот за сложено име за севкупна употреба

СИРИЗА на само неколку дена пред отворањето на гласачките места, конечно ја претстави својата политичка програма. Од програмата долга 145 страници, на плановите за решавање на спорот за името им се посветени само неколку реченици. Според програмата, левичарската партија останува на познатите грчки црвени линии. СИРИЗА останува на ставот дека и понатаму ќе го поддржува процесот на преговорите за решавање...

Партиите договорија нов закон и име за специјален обвинител

По маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител, дознава „Мета“ од извори блиски до преговарачките тимови. Како што дознаваме, постигнат е договор и за името на специјалниот обвинител, за кое се очекува да биде соопштено денеска. Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во...

Ципрас и Меимаракис во мртва трка за придобивање на неодлучените грчки гласачи

Грчката изборна кампања влегува во финиш. За грчките политички лидери ова се последните седум дена да се обидат да ги придобијат неопределените гласачи или, пак, да преземат гласачи кои обично гласаат за ривалската партија. Алексис Ципрас, лидерот на СИРИЗА, и првиот човек на Нова демократија, Евангелос Меимаракис, со своите политички рејтинзи се рамо до рамо и оваа недела имаат последна шанса да...

Во денешните преговори за специјален обвинител, вклучен и евроамбасадорот Орав

Денеска продолжија преговорите на работната група за избор на специјален јавен обвинител. На преговарачкиот тим му се придружи и евроамбасадорот Аиво Орав, кој во Клубот на пратениците наизменично разговараше со претставниците на сите партии. Пред малку, маратонските разговори беа прекинати за да се даде време за дополнителни консултации. Сите го почитуваат договорот за молчење сè до постигнувањето целосна усогласеност за...

Русите денеска гласаат на локални и на регионални избори

Денеска во 21 субјект на Руската Федерација ќе бидат избрани првите луѓе на регионите. Во единствениот ден за гласање, ќе бидат определени новите состави на 11 регионални парламенти и пратеници во 23 административни центри, а исто така ќе се одржат и голем број општински избори. Изборните власти ги забранија опозициските кандидати за законодавните избори во три региони, тврдејќи дека не...

Специјалниот обвинител ќе има тим обвинители, преговорите продолжуваат

По вчерашните маратонски преговори на работните групи, кои траеле до 2 часот по полноќ, договор нема, но има приближување на позициите за едно од најспорните прашања - тимот со кој ќе работи обвинителот. Претставниците на партиите потписничкии на Договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата со прислушување и на случајот...

Ахмети: Специјалниот обвинител ќе се избере во вторник

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за весникот „Коха“, вели дека специјалниот обвинител ќе биде избран во вторник, како што е пропишано со Договорот од Пржино, а негов предлог е специјалниот обвинител да има осум заменици обвинители во својот тим и тројца од нив да бидат Албанци. - Од првиот ден изразивме подготвеност да се презентираат потенцијалните кандидати за оваа важна...

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на Хрватска

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Хрватска, Данијела Баришиќ. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, Договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и за меѓуетничките односи. Ахмети оценил дека спроведувањето на договорот значи пристап на земјата кон евроатлантските стандарди и враќање на политичката и на институционалната стабилност, а поради...

Јалова дебата на грчките политички лидери на телевизија, но плодна на „Твитер“

Грчките граѓани не се поблиску до одлука за кого да гласаат на претстојните парламентарни избори по синоќешната телевизиска дебата меѓу седумте клучни политички лидери. Првото телевизиско соочување на првите луѓе на СИРИЗА, Нова Демократија, ПАСОК, Народно единство, Река, Независни Грци и Комунистичката партија, наместо како сочна дискусија што ќе даде одговор на прашањето што секоја од партиите планира за да...

Калајџиев: Да не влеземе во стапицата дека сè мора да заврши до 15 септември

„Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата - и понатаму да ги држи на страна професионалните здруженија и НВО-секторот. Ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон, кој ќе има влијание на историјата на Македонија - дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава. Јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот...

Во СДСМ се изненадени од изјавата на премиерот за специјалниот обвинител

И во опозицискиот СДСМ се изненадени од вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски, во врска со изборот на специјален јавен обвинител. Оттаму велат дека досега од ВМРО-ДПМНЕ инсистирале да се избере само специјален обвинител и не прифаќале дека тој треба да има и стручни соработници, ниту, пак, други работи кои му се потребни за да може независно да работи, па и...

Златна зора: Грција треба да ја следи патриотската политика на Скопје кон мигрантите

Иако националистичката грчка партија Златна зора воопшто и не ја признава Македонија и се обраќа кон неа со погрдни зборови, на прес-конференцијата во Солун, пратеникот на оваа партија од Сер, Аретемис Матеопулос, ја искористи Македонија како пример за тоа како Грција треба да се однесува кон бранот бегалци кои влегуваат на нејзината територија. Според него, одлуката на нашата држава да...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...