fbpx

Меимаракис го напушта „тронот“ на Нова демократија по изборниот пораз

-

Поразот на Нова Демократија на овие парламентарни избори води кон нова промена на врвот на партијата. Евангелос Меимаракис, како и неговиот претходник Андонис Самарас на претходните избори, се повлекува од позицијата претседател на Нова демократија.

Партијата преку кратко соопштение најави дека по разговорите што вчера ги имале Меимаракис и секретарот на политичката комисија на Нова Демократија, Андреас Папамикос, било одлучено од денеска да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата и тој процес да се заврши што побргу.

Меимаракис дојде на врвот на партијата откако Самарас, поради незадоволството во Нова демократија, се повлече од претседателската позиција, веднаш по поразот на јануарските избори. Поранешниот претседател на грчкото собрание, како заменик-претседател на партијата, беше поставен за нејзин привремен лидер, меѓутоа партијата одлучи да го задржи на таа позиција без да се спроведе избор на нов претседател во меѓувреме.

Според првичните информации, заинтересирани за кандидатура за претседател на партијата се Кирјакос Мицотакис, поранешниот министер за реформи и син на експремиерот Константинос Мицотакис, кој важи за еден од помладите и активни политичари од десничарската партија, како и Петрос Татулис, префектот на Пелопонез.

Меимаракис најави дека веројатно нема да се кандидира на овие внатрешни избори.
До процесот за реизбор на претседател доаѓа поради загриженоста на партијата дека сè уште ја нема повратено довербата кај народот поради големата разлика што постои меѓу неа и СИРИЗА, како и ставовите дека на Нова демократија ѝ се потребни свежи, нови лица, кои не се поврзани со никакви скандали за да почне да се зголемува нејзиниот рејтинг меѓу граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...