Коѕиас ќе продолжи да ја води грчката дипломатија

-

Никос Коѕиас останува шеф на дипломатијата во втората влада на Алексис Ципрас. Портпаролката на владата, Олга Геровасили, вчера на полноќ ги објави имињата на новите министри и заменици од СИРИЗА и од коалициската Независни Грци.

Владата ќе поднесе заклетва рано утринава, а старо-новиот премиер Ципрас веднаш потоа заминува во Брисел на состанок за бегалската криза.

Првите оцени во Грција се дека голем дел од новата влада се во суштина истите лица од претходната, со многу мал број нови функционери и со мали поместувања од едно во друго министерство. „Рециклирање министри“ се дел од коментарите во грчките медиуми.

На старите позиции, освен Коѕиас, остануваат лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој ќе продолжи да го раководи Министерството за одбрана, вицепремиерот Јанис Драгасакис и министерот за финансии Евклидис Цакалотос, кој помогна да се комплетира договорот со европските институции, а непроменети се и министрите за економија и за правда.

Подминистерството за миграциона политика ќе продолжи да го води Јанис Музалас, кој беше поставен на позицијата за време на чиновничката влада. Измени има во министерствата за здравство и за образование, како и во министерствата за цивилна заштита и за внатрешни работи.

Новата влада има 46 члена, пет повеќе од претходниот состав на коалицијата СИРИЗА-Независни Грци.

Министерот Коѕиас доби нови заменици. Никос Ксидакис, поранешен заменик на министерот за култура и поранешен новинар во „Катимерини“, отсега ќе биде одговорен за европските прашања во министерството. Ново лице во грчкото МНР ќе биде и заменик-министерот Димитрис Мардас, економист и професор, кој беше заменик-министер за финансии во претходната влада.

Мардас од 1992 до 1994 работел во Европската комисија, а потоа и како меѓународен советник на Грчката организација за надворешна трговија. На позицијата заменик-министер за надворешни работи, останува Јанис Аманатидис.

Конците на грчката дипломатија, сепак, продолжува да ги држи Коѕиас, за кој може да се очекува дека ќе ја продолжи политиката на поактивна соработка и на средби.

Грчките аналитичари што го следат спорот за името коментираат дека Коѕиас ќе продолжи со спроведувањето на мерките за градење доверба, кои беа договорени со македонското министерство за надворешни работи, за интензивирање на соработката и за зацврстување на довербата меѓу двете страни за различни прашања, соработка која би довела до подобро разбирање и до надминување на спорот за името.

На „Скомрахи“, студентскиот театар останува слободен, трансформативен и поткрепен од заедничката работа

Во текот на пет дена во ноември, посетителите на меѓународните студентски средби „Скомрахи“ трчаат од Академска сцена на Факултетот на драмски уметности (ФДУ) и Драмскиот театар до Младинскиот културен центар и...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

На „Скомрахи“, студентскиот театар останува слободен, трансформативен и поткрепен од заедничката работа

Во текот на пет дена во ноември, посетителите на меѓународните студентски средби „Скомрахи“ трчаат од Академска сцена на Факултетот на драмски уметности (ФДУ) и Драмскиот театар до Младинскиот културен...