fbpx
Таг: избори

таг: избори

Ван Хојте: Преговорите одат тешко, но оптимист сум дека ќе успеат

По завршувањето на средбата на претставниците на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино за разгледување на Избирачкиот список, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте најави дека работната група ќе продолжи да работи и во наредните неколку месеци, објави „Телма“. - Секако дека има напредок. Моментално разговараме за изборните закони и изборачкиот процес. На оваа тема ќе разговараме и утре, а...

Ердоган распиша нови избори

Еден ден по истекот на рокот за формирање на нова влада, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган распиша нови избори. Во соопштението од кабитентот на претседателот не пишува кога ќе се одржат изборите, но според претходни изјави на Ердоган, тоа би било на 1 ноември оваа година. Се очекува Ердоган повторно да го именува Ахмед Давутоглу да формира преодна влада. Владејачката...

Работните групи ќе се договараат за избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска, повторно во Клубот на пратеници ќе се обидат да најдат решение за спорните точки поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за април 2016 година. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се...

Груевски: Зошто СДСМ го одби предлогот за бонус 17 пратеници ако се веќе победници?

Премиерот Никола Груевски е зачуден што опозицијата го одби предлогот за бонус од 17 пратеници за тој што ќе победи на предвремените парламентарни избори. - Одбивањето на предлогот ме чуди. Зошто тоа го прават, ако самата СДСМ прокламира дека е победничка - рече Груевски. На изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за мнозински модел на избори потребен е попис,...

Изборна математика: 3+3+3 за ДИК и 2+2 за Избирачкиот список

Работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, денеска ќе немаат средба, а продолжуваат утре со прашањата околу Избирачкиот список и гласањето на дијспората. Како што објави „Мета“ најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ си ја призна лагата врз која го темели целото свое политичко делување

Со денешната реакција, СДСМ потврди дека знае дека ќе ги загуби следните парламентарни избори, а со тоа призна дека легитимно и чесно ги изгубила и минатите избори, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ. – Денеска СДСМ си ја призна лагата врз основа на која го темели целото свое политичко делување. Ако не лажеа, со две раце ќе го...

СДСМ: Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии

Стабилна Влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја, реагира СДСМ на предлогот на премиерот Никола Груевски, партијата која ќе победи на изборите да доние дополнителни 17 пратенички места. „Никола Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го...

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите

ВМРО-ДПМНЕ предлага воведување на мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за партија која ќе победи на изборите – изјави денеска во Студеничани премиерот Никола Груевски, додавајќи дека дополнителните пратенички места ќе обезбедат стабилна влада. Груевски истакна дека мнозинскиот модел е застапен во многу држави и успешно функционира, и тој во Македонија се користи при изборот на градоначалници. - Градоначалниците...

Започна средбата на работните групи

Почна состанокот на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на кој ќе се расправа за специјалниот јавен обвинител. Тимот на СДСМ го претставуваат Рената Дескоска и Оливер Спасовски, додека интересите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги застапува само Никола Тодоров, министерот за надворешни работи Никола Попоски, наверојатно е отсутен поради кризата со мигрантите. Од албанските партии претставници се Артан Груби...

Денеска во Клубот на пратеници ќе се кршат копјата за специјалниот јавен обвинител

Денеска во 13 часот прeтставниците од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе се сретнат во Клубот на пратениците да разговараат за специјалниот јавен обвинител. Социјалдемократите вчера категорично демантираа дека разговараат со личности кои би биле кандидтати за обвинител. - Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон...

Работните групи се договорија за изборот на членови на ДИК

Работните групи на политичките партии потписници на Договорот од Пржино денеска постигнаа договор за избор на членови на ДИК. Тие го прифатиле предлогот на СДСМ, составот на ДИК да биде оформен по формулата 3+3+3, односно тројца членови предложени од опозицијата, тројца од власта и тројца експерти избрани со двотретинско мнозинство од парламентот, дознава „Мета“ од извори од работните групи. Како што...

Заев: Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица ќе предложи СДСМ, изјави денеска лидерот на партијата Зоран Заев. Според него така ќе се реши и прашањето со гласањето на дијаспората, односно иселениците ќе можат и понатаму да гласаат, со тоа што сега нивните гласови ќе се слеат заедно со гласовите на сите граѓани и секој глас ќе има еднаква вредност.  

Изборен законик, ДИК, дијаспора: Што бараа, а што ќе договорат партиите?

По завршувањето на последната средба на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино во делот за  околу изборното законодавство, ДИК, избирачкиот список, гласањето на дијаспората, неофицијални извори од преговарачки тимови брифираа дека е постигнат „некаков напредок“ за избирачкиот список и дека денеска би можело и да се очекува официјална изјава од преговарачките тимови. Во меѓувреме во медиумите се појавија низа...

Денеска нова средба на работните групи и надеж за договор

Договор меѓу политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, според најавите од учесниците во работните групи, би требало да има денеска, на средбата која ќе почне во 15 часот, во Клубот на пратениците во Скопје. Прашањето за избирачкиот список, како што дознава „Мета“ е речиси договорено, а се уште има мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората. Граѓанската организација МОСТ вчера беше повикана...

Ибраимоски: Казна од 1.000 евра за оние кои нема да гласаат на избори

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимоски, смета дека ако се воведе казна за секој оној што е внесен во Избирачкиот список, а нема да излезе да гласа, нема да има можност за манипулации со гласовите на оние кои не излегле на избори, пишува „Фокус“.  Неговата партија предлага казната да биде во висина од 1.000...

Ердоган: Одиме на нови избори

Турција забрзано се движи кон нови избори и тоа е единствено решение кое ја содржи „волјата на народот“ и може да ја прекине политичката криза која настана откако владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да формира влада, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа го извести Ердоган дека не успеал да формира коалициска влада и...

Ван Хојте: Имавме солидна и интересна дискусија

Заврши средбата на претставниците на политичките партии на која се разговараше за специјалниот јавен обвинител. На средбата присуствуваше белгискиот експерт и олеснувач Питер ван Хојте. Како што јави „Телма“, претставниците на партиите по состаникот заминале без да соопштат детали, додека пак белгискиот олеснувач дискусијата ја нарекол солидна и интересна. - Денеска не можам да дадам никаков коментар. Имаше многу интересна, многу солидна...

Почна средбата на работните групи за специјалниот обвинител

Започна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Средбата се одржува во Клубот на пратеници, а тема на денешниот состанок е специјалниот јавен обвинител. Претставници на СДСМ се Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, а ДПА Имер Алиу и Беким Фазлиу. Засега,...

Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ќе го врати мандатот за формирање на влада на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако пропаднаа преговорите за формирање на коалиција. Четирите партии, Партијата на правдата и развојот, Републиканската народна партија, Националната народна партија и Народна демократска партија се обидуваа да постигнат коалициски договор. Рокот за формирање на влада истекува на 23 август.

Малите партии бараат една изборна единица и отворени листи

Понатамошна демократизација е можна само со воспоставување на Македонија како една изборна единица по пропорционален модел, воведување на систем на отворени листи и прифаќање независни листи со собрани 1.000 потписи вкупно од сите изборни единици, наместо 1.000 од секоја изборна единица. Ова се заклучоците што ги усвоиле учесниците на денешната трибина „Дали понатамошната демократизација на Македонија е можна без промена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...