fbpx

СИРИЗА води на парламентарните избори во Грција

-

СИРИЗА се чини блиску до втората изборна победа. Првите неофицијални резултати од анкетите за медиумите покажуваат дека СИРИЗА ќе биде прва партија и ќе освои од 30 до 35 проценти, Нова демократија е веднаш зад неа, со прогноза дека би освоила од 28,5 до 33 проценти од гласовите. Трета партија, според овие резултати, е неонацистичката Златна зора со 6 до 8 проценти.

Зад Златна зора се Комунистичката партија и коалицијата ПАСОК-Демократска левица, со прогноза дека ќе освојат од 5 до 7 проценти од гласовите. Партијата Река би освоила од 4 до 5,5 проценти. Неизвесно е дали ќе влезат во парламент трите помали партии Независни Грци, Унија на центарот и Народно единство, партијата која произлезе од СИРИЗА, а чија поддршка, според овие анкети, се движи од 2,5 до 4,5 проценти. Постои сомневање дека од овие три партии, големи се шансите во собранието да не влезе Народно единство.

Официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи се очекуваат околу 21 часот по локално време.

Првите реакции од СИРИЗА се позитивни, коментираат дека партијата одржува стабилна предност и би имала минимум 6 проценти разлика од Нова демократија. Сигурни се, покрај тоа, дека за три дена ќе може да формираат влада.

Додека не излезат официјалните резултати, главно, владее воздржаност, бидејќи сè уште треба да се види точниот процент во разликата меѓу партиите и бројот на помали партии што ќе влезат во собранието, за да се види колку пратеници ќе освои првата партија и колку ќе ѝ бидат неопходни за формирање влада.

Изборите поминаа мирно, без некакви инциденти. Повеќето ги оценија како пасивни избори, без некаков ентузијазам или еуфорија. Разочараноста и незаинтересираноста беа главниот печат на овие втори парламентатни избори годинава, а трети вкупно, ако се земе предвид и гласањето за референдумот за европските мерки за штедење.

Големиот страв во текот на целиот ден беа прогнозите за малата излезност на изборите. Во текот на гласањето се слушаа прогнози дека делумно поради убавото време, делумно поради разочараноста, можно е неизлезноста да достигне до 40 проценти, што ќе биде многу загрижувачки за конечниот резултат на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...