fbpx

Златна зора: Грција треба да ја следи патриотската политика на Скопје кон мигрантите

-

Иако националистичката грчка партија Златна зора воопшто и не ја признава Македонија и се обраќа кон неа со погрдни зборови, на прес-конференцијата во Солун, пратеникот на оваа партија од Сер, Аретемис Матеопулос, ја искористи Македонија како пример за тоа како Грција треба да се однесува кон бранот бегалци кои влегуваат на нејзината територија.

Според него, одлуката на нашата држава да се затвори и контролира границата со Грција и бројот на бегалци кои дневно влегуваат низ Македонија, е пример за „патриотска и националистичка политика“ кон, како што рече, „мигрантите кои доаѓаат од држави бомбардирани од САД“.

Тој прокоментира и дека македонската влада сфатила дека доколку се следи примерот на Грција, државата ќе треба да прифати милиони мигранти за кои нема ни финансии, ни инфраструктура, ни желба да ги прими на сопствена територија.

– Тоа требаше да го направи и Грција. Ова е пример кој треба да го следиме и ние – истакна Матеопулос, коментирајќи дека постапката на македонската влада е показател за национална и сериозна политика.

Среде политичката криза во Грција, националистичката Златна зора е една од ретките која сè уште се потпира на спорот за името како адут да се придобијат повеќе гласови. Партијата го повика грчкиот народ, особено гласачите од Северна Грција, да ѝ дадат поддршка на Златна зора како на единствена политичка опција што се бори Македонија да остане само грчка и терминот да не ѝ биде отстапен на нашата држава за користење.

Матеопулос на прес-конференцијата истакна дека со децении партијата стои на ставот дека нема отстапување од позицијата дека Македонија е грчка и нема да се дозволи нејзино продавање. Матеопулос посочи дека сите други партии се однесуваат „предавнички“.

Против Златна зора сè уште се води судски процес поради обвинувања за нејзино функционирање како криминална организација, а нејзиниот лидер е во домашен притвор и не смее да учествува на предизборни митинзи на вонредните парламентарни избори закажани за 20 септември.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...